Одлуката на Соединетите државида одат сами, за првпат е објавена од „Вашингтон пост“ на 1 септември, а следи по одлуката на Белата куќа во почетокот на јули да се повлече од СЗО. Трамп тврди дека СЗО има потреба од реформи и е под силно влијание на Кина.
Повторните инфекции со коронавирус предизвикуваат загриженост за имунитетот
Некои земји работат директно на обезбедување на набавка на вакцини, но други ги здружуваат напорите да обезбедат успех против болеста која не познава географски граници.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Повеќе од 150 земји воспоставија таканаречен Глобален пристап за вакцини за ковид-19 или скратено COVAX.
Тој кооперативен напор, поврзан со СЗО, ќе им овозможи на земјите да го искористат портфолиото на потенцијални вакцини за да обезбедат нивните граѓани брзо да бидат вакцинирани.
СЗО вели дека дури и владите кои склучуваат зделки со индивидуални производители на вакцини ќе имаат корист од пристапувањето кон COVAX затоа што ќе обезбедат резервни вакцини во случај оние што се прават преку билатерални зделки со производителите да не бидат успешни.
СЗО: Да запре вакциналниот национализам
„Соединетите држави ќе продолжат да се ангажираат со меѓународните партнери за да обезбедат победа врз овој вирус, но нема да бидеме ограничени од мултилатерални организации под влијание на корумпираната Светска здравствена организација и Кина“, изјави портпаролот на Белата куќа Џад Дир.
Демократскиот конгресмен Ами Бера од Калифорнија, оцени дека одлуката на администрацијата е кратковида и дека ќе ја попречи битката за ставање крај на пандемијата.
„Приклучувањето кон COVAX е единствениот пат за да се гарантира пристапот на САД до вакцина - без оглед кој прв ќе ја развие“, објави на Твитер Бера кој е доктор, наведувајќи:
„Ваквиот пристап ја остава Америка под ризик да не добие вакцина“. Одлуката на администрацијата, поврзана со повлекувањето на САД од СЗО, значи дека САД се откажуваат од глобалното лидерство во борбата против пандемиите, оценува Том Харт, директор за Северна Америка во кампањата ONE, организација ко-основана од Боно од рок-групата U2.
Трката по вакцина за ковид-19 личи на трката во вооружување
„Не само што овој потег ги доведува во опасност животите на милиони луѓе низ целиот свет, тој може целосно да ги изолира Американците од ефективната вакцина против ковид-19“, рече Харт.
Неколку десетици експериментални вакцини при тестирањето на луѓе стигнаа до последната и најголема пречка во барањето на потребниот доказ дека навистина функционираат.
„AstraZeneca“ објави во понеделникот дека нејзиниот кандидат за вакцини влезе во последната фаза на тестирање во САД. Компанијата со седиште во Кембриџ, Англија, соопшти дека во студијата ќе учествуваат 30.000 возрасни лица од различни расни, етнички и географски групи.
Со две други вакцини е започнато последното тестирање кај десетици илјади луѓе во САД.
Едната е создадена од Националниот институт за здравство и произведена од „ Moderna Inc“, а другата е развиена од „Pfizer Inc.“ и германски „BioNTech“.