Вакцината што ја разви британската фармацевтска компанија AstraZeneca заедно со тим истражувачи од универзитетот Оксфорд, предизвика имунолошки одговор кај сите учесници кои добија две дози без никакви загрижувачки несакани ефекти.
Вакцината против коронавирусот од CanSino Biologics Inc и единицата за воени истражувања во Кина, исто така, покажа дека е безбедна и предизвиа имунолошки одговор кај повеќето од 508 здрави доброволци кои добиле една доза од вакцината, објавија истражувачите.
Околу 77% од волонтерите од студијата доживеале несакани ефекти како треска или болка во местото на инјектирање, но ниту еден не се смета за сериозен.
САД обвини кинески хакери за напад на компании кои работат на вакцина против ковид-19
И вакцините на AstraZeneca и на CanSino користат безопасен вирус познат како аденовирус за да пренесат генетски материјал од коронавирусот во телото. Студиите за обете вакцини беа објавени во списанието „Лансет“ на 20 јули.
„Севкупно, резултатите од двете испитувања се широко слични и ветувачки“, напишаа Наор Бар-Зеев и Вилијам Мос, двајца експерти за вакцини од Школата за јавно здравје Џонс Хопкинс.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Сепак, кандидатот за вакцина на CanSino покажа знаци дека луѓето кои претходно биле изложени на конкретниот аденовирус, имаат намален имунолошки одговор.
Германската биотехничка фирма BioNTech и американскиот Pfizer објавија детали од мала студија во Германија за различен вид вакцина која користи рибонуклеинска киселина - хемиски гласник што содржи упатства за правење протеини.
Вакцината ги упатува клетките да направат протеини што ја имитираат надворешната површина на коронавирусот.
СЗО ги поздрави резултатите од тестот на двете вакцини
Телото ги препознава овие протеини слични на вирусот како надворешни натрапници и потоа може да постави имунолошки одговор против вистинскиот вирус.
Во минатата недела резултатите од испитувањето за вакцинирање на „Moderna“, покажаа слично ветувачки резултати. Вакцината на Модерна исто така користи платформа за рибонуклеински гласник.
„Охрабрувачки е што се чини дека сите овие вакцини предизвикуваат антитела кај луѓето“, рече поранешниот генерален директор на Светската здравствена организација Мери-Пол Кини, од францускиот истражувачки институт Inderm, додавајќи: „Ова докажува дека науката напредува многу брзо, што е добар знак“.
Претстои уште долг пат
Ниту еден од овие водечки претенденти не покажа несакани ефекти, но сите тие сепак, мора да докажат дека се безбедни и ефикасни во испитувања во кои ќе бидат вклучени илјадници субјекти, вклучително и оние со висок ризик за сериозен ковид-19, како што се постарите лица и луѓето со дијабетес.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Историски гледано, само 6% од кандидатите за вакцини излегуваат на пазарот, честопати по долгогодишен процес на тестирање.
Производителите на вакцини се надеваат драматично да го компресираат тој временски распоред преку побрзи испитувања и со производство во голем обем дури и пред производите да се покажат успешни.
Русија обвинета за обид за кражба на истражувања за вакцини против ковид-19
Неколку производители имаат поддршка од Владата на САД со цел да имаат вакцина против коронавирус до крајот на годинава, бидејќи случаите продолжуваат да растат со рекордно темпо.
Вакцината од Оксфорд е една од 150-те на глобално ниво, но се смета за најнапредна.
Испитувањата во доцната фаза започнаа во Бразил и Јужна Африка и треба да започнат во Соединетите држави, каде инфекцијата е највисока.
Во своето испитување од првата фаза, вакцината предизвикала таканаречени неутрализирачки антитела - вид што го спречува вирусот да зарази клетки - кај 91% од поединците еден месец откако добиле една доза, а во 100% од испитаниците кои добиле втора доза.
Што е ремдесивир и зошто сите го сакаат?
Овие нивоа беа на исто ниво со антителата произведени од луѓе кои преживеале ковид-19 - клучен репер за потенцијалниот успех.
Вакцината, позната како АЗД1222, исто така го поттикна телото да направи Т-клетки - активирајќи втор дел од имунолошкиот систем за кој експертите сè повеќе веруваат дека ќе биде важен за траен имунолошки одговор.