Највозрасното дете на Магдалена Абаџиева се врати на училиште во Бугарија во почетокот на септември за она што нејзината мајка се надеваше дека ќе биде за добро. Од почетокот на 2020 година, кога се појави пандемијата на ковид-19, децата во Бугарија се префрлија на онлајн учење поради ограничувањата за да се забави ширењето на смртоносниот вирус.
Но, по неколку недели на часови, ќерката на Абаџиева повторно беше дома. Сега во осмо одделение, нејзината ќерка помина голем дел од шесто, седмо и сега осмо одделение со учење онлајн од дома, а Магдалена Абаџиева е збунета, но и лута.
Ковид-сертификатот на ЕУ истекува 12 месеци по втората доза на вакцината
Вакцинирана, нејзината ќерка може да оди во ресторан, кино или трговски центар, речиси насекаде, но не и во нејзиното училиште во главниот град Софија.
„Ова е трета учебна година на интернет и е неподносливо. Работите едноставно не можат повеќе да продолжат вака“, се лути Абаџиева, додавајќи: „Моите пријатели имаат деца кои сега се во 12-то одделение. Тие поминаа само две години во училница со своите соученици. Во 10-то, 11-то и сега 12-то одделение не беа на училиште“.
Мајката на две деца забележува дека сѐ уште не е јасно кога нејзината ќерка ќе може да се врати на час. Во Бугарија, училниците се отворени за деца до четврто одделение кои се негативни на ковид-19. Но, за многу ученици од петто до 12-то одделение, училиштата се во голема мера затворени.
Причината? Залихите на тестови се недоволни да ги покријат сите ученици во државните училишта. Тоа го тврди Николај Денков, министер за образование на земјава. Но Стојчо Кацаров, бугарскиот министер за здравство, вели дека тоа не е точно, тврдејќи дека неговото министерство нарачало доволно тестови.
Додека министрите се караат, децата остануваат без настава, што ги зголемува проблемите на Бугарија со ковид-19. Земјата со речиси 7 милиони луѓе има најниска стапка на вакцинација и една од највисоките стапки на смртност од ковид-19 по глава на жител во светот.
Видете и ова: Колективен ковид имунитет или вирусот станува ендемскиПомалку од 30 проценти од возрасната популација примиле барем една доза вакцина против вирусот, покажа статистиката од средината на ноември. Во септември Бугарија забележа рекорден број дневни смртни случаи од коронавирус.
За децата пандемијата нанесува тешки последици. „Останува општиот консензус дека одлуката за затворање на училиштата за контрола на пандемијата треба да се користи како последно средство. Негативните физички, ментални и образовни влијанија од затворањето на училиштата врз децата, како и економското влијание врз општеството пошироко, веројатно ќе ги надмине придобивките“, оценува Европскиот центар за превенција и контрола на болести.
Тоа е сигурно ставот со кој Магдалена Абаџиева и другите родители во Бугарија би можеле да се согласат. „Откако бројот на пациенти со ковид-19 ќе почне да расте, децата се најлесната цел за да се смири општеството“, вели Абаџиева.
„На ќерка ми ѝ е тешко. Таа беше во музичко училиште и учеше гудачки инструмент од далечина. Сега изгуби секаква желба да свири“, објаснува Абаџиева, додавајќи дека нејзината ќерка сега носи очила, што, според неа, е резултат на целото поминато време пред компјутер.
Младите и Ковид-19: Можна ли е контрола на заразата со отворени училишта?
Нејзината ќерка сега е запишана во училиште специјализирано за изучување странски јазици, но се бори со депресија бидејќи едвај ги запознала новите соученици, вели Адабџиева. „Кога ќерка ми дозна дека училиштето ќе се затвори и оваа година, плачеше четири часа. Не можев да ја смирам. И таа не беше сама. Дали некој размислува низ што поминуваат? Дали некој зборува на нив?“, прашува Адабџиева.
Ралица Вачкова е мајка на три деца: ќерка во градинка и два сина во шесто и деветто одделение во Софија. Таа вели дека учењето на далечина е тешко за двете момчиња. Нејзиниот најстар син е онлајн уште од седмо одделение, кога морал да се подготви да аплицира во средно училиште. Сега е запишан во училиште специјализирано за јазици.
„На почетокот, ова онлајн учење беше нешто ново, донекаде интересно. Тоа веќе не е случај. Тој навистина ја изгуби својата мотивација да учи“, објаснува Вачкова.
Како и насекаде, училиштата и универзитетите во Бугарија го прекинаа директното учење откако започна пандемијата во март 2020 година. Во поголемиот дел од 2021 година, учениците во Бугарија над четврто одделение најголемиот дел учеа преку интернет.
Според важечките регулативи во Бугарија, училиштата мора да го затворат учењето во училница во области каде инфекциите со ковид-19 се искачуваат над 500 на 100.000 во период од две недели.
Видете и ова: Како Бугарија ќе ги вакцинира граѓаните кога не може да ги убеди ни лекарите?Ако тие стапки се малку пониски, помеѓу 250 и 500 на 100.000, тогаш училиштата во тие области мора да се префрлат на половина од учениците да учат онлајн, а половина во училниците. Ако стапките на смртност се помали од 250 на 100.000, тогаш децата можат да се вратат со полно работно време во училниците.
Меѓутоа, стапките почнаа вртоглаво да растат набргу по почетокот на учебната година. Во ноември, властите почнаа да ги тестираат децата од прво до четврто одделение двапати неделно за да ги задржат на часови.
Сепак, постарите ученици беа затворени дома, бидејќи владата рече дека нема доволно тестови за ковид-19. Кацаров, министерот за здравство, на брифинг на 26 ноември рече дека на Министерството за образование досега му биле обезбедени милион тестови и дека ќе има уште повеќе.
Еден ден подоцна, Денков, министерот за образование, за бугарските медиуми изјави дека министерството добило 168.000 од ветените милион тестови. Тој додаде дека неодреден број тестови се во магацин и ќе стигнат до училиштата до 10 декември.
Според Денков, за тестирање на сите ученици од прво до 12 одделение, на Бугарија ќе ѝ требаат повеќе од 1,2 милиони антиген-тестови неделно. Министерството соопшти дека има јавни набавки за уште 2,4 милиони тестови, кои ќе бидат испорачани во рок од една недела од потпишувањето на договорите со креаторите на тестовите. Тоа не се случило на 1 декември.
Наставничка - антивакцерка од Марибор добила отказ од работа
Почнувајќи од минатата недела, постарите ученици со сертификати за вакцинација против ковид-19 исто така може да се вратат на часови, но само ако барем половина од децата во класот го исполнуваат овој критериум. Според податоците на Министерството за образование, 5 насто од учениците на средношколска возраст се заразени со ковид-19.
Видете и ова: Нов рекорд за смртни случаи од ковид во БугаријаАбаџиева вели дека во осмото одделение кај нејзината ќерка, половина од децата имаат документи за вакцинација, но сѐ уште не се вратиле на училиште за настава. Според Министерството за образование, повеќе од 3.000 деца меѓу петто и дванаесетто одделение посетувале училиште во Софија на 29 ноември. Сите платиле за тестовите и речиси сите посетуваат приватни училишта, што е мал дел од бројот на ученици во главниот град.
На 2 декември, Кацаров вети дека ќе ги врати сите ученици во Бугарија на настава, но Денков советуваше да се биде претпазлив поради недостигот на тестови.
Абаџиева ѝ замерува на владата што не презеде нешто порано. „Беше изгубено многу драгоцено време и немаше храброст и цврстина од страна на владата. И тие секогаш наоѓаат изговор“, вели таа.
И Вачкова ја обвинува власта дека одолговлекува. „Ако изјавиме дека наш приоритет е децата да одат на училиште во безбедна средина, тоа значи дека ќе бидат тестирани. Ова е нешто што Министерството за здравство требаше да го направи минатата година“, вели таа.