Иако една од главните теми во евроинтеграцијата на земјите од Западен Балкан, конкретно Македонија и Албанија, е спорот меѓу Скопје и Софија поради кој се блокирани македонските европски интеграции, официјалните претставници на источниот сосед во континуитет најавуваат и услов за Тирана- бугарско малцинство таму.
Претседателот Румен Радев Радев лани, на средбата со неговиот албански колега Илир Мета, рече дека правата на бугарското малцинство во Албанија се еден од нивните основни критериуми за поддршка на албанскиот европскиот пат. Подоцна, при посетата на министерот за надворешни работи на Албанија Гент Цакај во Софија, заменичката на Радев, Илијана Јотова го спомена и пописот во Албанија кој треба да се одржи годинава. Таа наведе дека е убедена дека албанската држава ќе ги вложи сите напори да нема притисок врз малцинствата да ја кажат својата етничка припадност.
Еден од главните проучувачи во Бугарија на нивното малцинство во Албанија е Спас Ташев од Институтот за прочучување на населението при Бугарската академија на науките. Тој лани подготви и обемна стратегија за бугарското малцинство во Албанија која ја презентираше пред кабинетот на Радев.
Видете и ова: Османи - Не можеме да ги гледаме соседите со истите очила од минатотоТашев конкетно во врска со престојниот попис во Албанија вели дека постои опасност Бугарите да бидат под притисок на Скопје, наведувајќи дека бројот на Бугарите во таа земја е околу 50 000, а дека за тоа колку ќе бидат на пописот зависело од бугарската политика, но и од односот на Северна Македонија кон тоа население. Јотова пак, на средбата со него, најави дека веќе имало агресивно лобирање од Северна Македонија луѓето кои живеат во Голо Брдо, Мала Преспа и Корча да бидат запишани како Македонци.
Никола Ѓурѓај е по потекло од Голо Брдо, а живее во Тирана. Претседател е на македонското друштво Илинден Тирана. Во изјава за Радио Слободна Европа тој тврди дека нема зголемено присуство на македонските власти кај нив пред престојниот попис во Албанија.
„Од македонската страна нема засилување и нема потреба зошто да има засилување бидејќи луѓето се чувствуваат како Македонци, како сега така и порано, не чекаат некој да ги засилува од Македонија за да се пишат Македонци кога луѓето се навистина Македонци“, вели Ѓурѓај.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Тој додава дека во последно време поради тешката економска состојба во тој регион има луѓе кои земале бугарско државјанство за да може да заминат во земјите од Европската унија.
„Во претходните пописи никој во тие региони не е попишан како Бугарин. Тврдењата што ги дава бугарската држава ги дава само поради пасошите а луѓето ги користат тие пасоши само за да одат во Европска унија. И толку“, вели Ѓурѓај.
Видете и ова: Бугарија ќе го укине „купувањето“ државјанствоИнаку деновиве бугарскиот претседател Радев го отвори и прашањето за чувствата на македонските граѓани кои имаат бугарски пасоши. Само давањето бугарски пасоши не е доволно за ширење на бугарското економско и културно влијание во Македонија, а граѓаните со бугарски пасош во државава бугарскиот шеф на државата тврди дека живееле во страв и не се самоопределувале како Бугари. Според него, на Бугарија и се потребни нови конкретни политики за, како што вели, „бугарското општество преку границата“.
Политикологот Владимир Божиновски од Институтот за политички истражувања Скопје смета дека сепак прашањето за македонските граѓани со бугарско државјанство е тема што тамошните политичари посилно ќе ја експлоатираат до пред изборите во земјата, а понатаму вели изјавите ќе стивнат, но бугарската блокада ќе остане.
„Секој кај нас може да се изјасни како што сака и воопшто нема никаков проблем некој ако се чусвтвува како Бугарин да се изјасни како Бугарин. Може да си направат и партија ако сакаат, нема никаков проблем“, вели Божиновски.
Според податоците на бугарското министерство за правда од 2010 до 2020 година околу 66 000 Македонци добиле бугарско државјанство.