Поддржувачите на Болсонаро упаднаа во Конгресот

Поддржувачите на експретседателот на Бразил, Жаир Болсонаро, упаднаа во Конгресот на 8 јануари.

Драматичните сцени се случија една недела по инаугурацијата на Луис Инасио Лула да Силва за претседател.

Демонстранти упаѓаат во зградата на Парламентот

Полицијата употреби солзавец во обид да ги одбие демонстрантите.

Демонстрантите и полицијата се судрија на платото пред институциите во главниот град на Бразил.

Поддржувачите на Болсонаро одбиваат да прифатат дека тој ги загуби изборите. На фотографијата, демонстрантите фрлаат солзавец, камења и други работи кон полицијата. 

За време на протестот тие ги пробија бариерите и влегоа во зградата на Конгресот, а надвор сè беше опкружено со чад од солзавец.

Демонстрантите кои ги скршиле стаклата и влегле во зградата кампувале во близина.

Скршено стакло на зградата на Конгресот низ кое надвор се гледаат полициски кордони.

Поддржувачите на Болсонаро бараат воена интервенција и оставка на Да Силва. На фотографијата демонстрант фрла камења кон полицијата.

За време на демонстрациите интервенираше и полицијата со коњаничка единица.

Фотографија од внатрешноста на Претседателската палата (Планалто) откако демонстрантите упаднаа во неа.

Демонстрантите ги срушија оградите поставени од полицијата.

По извесно време безбедносните сили почнаа да апсат и да ги смируваат немирите.

Безбедносните сили претходно се обидоа да ги запрат демонстрантите.

Полицијата уапси стотици демонстранти.