Борбена на татамите, храбра против предрасудите
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Вели дека има борбена природа и сака предизвици. Младата Арбреша Реџепи е државен првак во џудо, 11 години по ред или откако почнала да тренира. Има медали од повеќе меѓународни натпреварувања и едно учество на Олимписки игри. Се натпреварува во категорија до 52 килограми и сака да ги мотивира младите девојки да размислат за џудо како опција. Но и да ги потсети институциите дека талентот мора да оди во пакет со финансиска поддршка, за младите спортисти да ѝ носат уште подобри резултати на државата.