Болничкиот персонал во Изум се обидува да се опорави по руската окупација
Пациент поминува покрај поранешниот хируршки оддел во болницата во Изум во источна Украина, која беше уништена од руски напад.
Медицинскиот персонал се бори со сеќавањата на шест смртоносни месеци под руска окупација.
Пациентите се одмораат надвор од болницата.
Персоналот на болницата поминал четири месеци изведувајќи операции во подрумот за време на раните денови на војната и во текот на руската окупација на Изум. Како што наближува зимата, тие размислуваат да ги вратат операциите во подрумот, каде што некои дури и живееле.
Пациентот Вадим Назаров (лево) разговара со волонтерот Денис Жмакин пред болницата.
Болницата беше единствената медицинска установа која остана отворена кога руските трупи го презедоа Изум во почетокот на март. Градот се врати во рацете на Украина во минатиот месец за време на контраофанзивата која им нанесе удар на воените цели на Москва.
Разурнатиот хируршки оддел.
Знаците околу болничкиот комплекс кои предупредуваат на мини исчезнуваат еден по еден додека украинските сили макотрпно ја чистат секоја точка. Лузните од она што се случи овде -- на зградите и на луѓето кои пружија и добија грижа -- ќе им треба многу подолго да зараснат.
Доктор Јуриј Кузњецов (лево), трауматолог, им помага на медицинските сестри да го преместат пациентот на кревет.
Неколкуте лекари, медицински сестри, болничари и патолози кои останаа за време на руската окупација беа единствената надеж за жителите на Изум.
Лабораторија која била користена како оддел за хирургија од страна на руските сили.
Серхи Ботсман, болничар кој сè уште се справува со сеќавањата на беспомошните цивили и нивните ужасни повреди, ја опишува нивната моментална ситуација: "Уморен сум. Уморен сум. Седум месеци никој не дојде да ни го заземе местото. И како можев да заминам знаејќи дека никој нема да дојде да ни помогне?
Мачка седи пред лабораторијата што ја користеа руските сили.
Кузњецов, исто така, живее со страшни спомени. Видел рани од бомби, куршуми и шрапнели. Тој рече дека некои луѓе пристигнале барајќи помош за повредите кои одбиле да ги објаснат, но кои изгледале како тортура.
„Тоа е како снајперист кога ќе го прашаат дали може да ги види во соништата сите луѓе што ги елиминирал. На тој начин можете да полудите“, рече тој.
Кузњецов го покажува подрумот на болницата што се користел како хируршки оддел за време на силното гранатирање и окупацијата од руските војници.
Кузнецов живеел во подрумот до јули. Две носилки на тркала и низок кревет служеа како операциони маси. Собата беше толку студена што „за да ги вбризгаме растворите, моравме да ги загрееме на нашето тело“, се сеќава тој.
Електричарот кој успеал да ги запали светлата со дизел генератор бил исто толку важен како и хирургот во тешките услови.
„Сите бевме ужасно депресивни од време на време. Плачевме, пцуевме“, рече Кузњецов. „Со секој спасен човек, со секој спасен живот, довербата [да се биде во право] што останав овде растеше. Бевме убедени дека не е се залудно“.
Кузњецов го подготвува својот автомобил за враќање назад во неговата куќа, која беше тешко оштетена од руските бомби.
Тела се транспортираат во пластични кеси од мртовечницата, која останува без струја и каде е силна смрдеа. Аутопсиите беа невозможни под руска окупација и сè уште се. Трочлениот персонал е на работ да се откаже поради тешките услови.
Докторот Федир Здебски стои меѓу загинатите во мртовечницата. Здебски, патолог со протеза на ногата, продолжи да работи во болницата -- и покрај бесната војна.
Здебски седи во мртовечницата на 28 септември. Тој беше убиен кратко време откако беше направена оваа фотографија. Сведоците велат дека тој бил застрелан од руски војник од Чеченија, кој му го побарал автомобилот додека се движел кон болницата. Војникот беше слушнат како вели: „Твојот живот е сè уште во мои раце“. А потоа се слушнаа истрели.Здебски имаше 70 години.
„Секогаш се грижеше. Луѓето умираа, но тој се грижеше за нивните деца, роднини, мајки. Секогаш велеше: „Ова е нечиј син, нечиј татко, нечиј сопруг““, рече Валентина Бачанова, колешка која беше сведок на неговата смрт, длабоко воздивнувајќи. „Па, се разбира, нема смисла да се обидуваш да му докажеш нешто на човек со оружје“.
Командантот на војникот дојде да земе изјави на сведоци, но, освен тоа, персоналот на болницата не знае што се случило со човекот кој го уби Здебски.