Државниот секретар на САД Ентони Блинкен за РСЕ во Киев, каде што се состана со највисоките лидери на земјата, вклучувајќи го и претседателот Володимир Зеленски, рече дека Пентагон „гледа каква дополнителна помош ќе ѝ биде од корист на Украина во моментов“.
Киев има побарано американски системи за противвоздушна одбрана и против снајперска технологија, заедно со можно распоредување на ракети „Патриот“ во Украина.
Блинкен ја потврди американската поддршка за Украина
Соединетите држави досега обезбедија скоро 5 милијарди долари финансиска, хуманитарна и воена помош - вклучително и антитенковско оружје - на Украина од 2014 година, кога Русија го анектираше Крим и ги поддржа сепаратистите во две од нејзините источни провинции, предизвикувајќи војна во која повеќе од 13.000.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Првото патување на Блинкен во Киев доаѓа само неколку недели откако Русија распореди повеќе од 100.000 војници во близина на границата со Украина во она што САД го нарекоа чин на заплашување.
Русија повлече дел од војниците и опремата, но, според Блинкен, сè уште претставува сериозна и непосредна закана за Украина
„Русија има капацитет за прилично кратко време да преземе понатамошни агресивни активности, затоа сме многу будни и исто така ѝ помагаме на Украина да има средства да се одбрани“, изјави Блинкен во интервјуто за РСЕ.
Дали украинско-руската „студена војна“ ќе стане „жешка“?
Украина ги повика Соединетите држави да се заканат дека ќе ги исклучат руските банки од системот SWIFT како начин за спречување на агресијата од Кремљ.
Некои аналитичари велат дека исклучувањето од SWIFT, што ја олеснува безбедната и брза комуникација меѓу финансиските институции, би бил значителен удар за руската економија.
Блинкен изјави дека Соединетите држави „ќе ја разгледаат секоја разумна опција“ за да ја одвратат агресијата на Кремљ против Украина, но одби да коментира директно за можноста за употреба на SWIFT.
Видете и ова: Бајден изјави дека сака да избегне ескалација со РусијаГлавниот американски дипломат ја повтори пораката на администрацијата на Бајден дека Соединетите држави не бараат ескалација со Русија.
Сепак, тој рече дека Соединетите држави не го прифаќаат концептот на „сфери на влијание“ и ќе одговорат на секоја агресија на Кремљ што ги загрозува интересите на Вашингтон или неговите партнери.
„Ако дозволиме неказнето да се нарушат тие принципи без сфери на влијание, тогаш тоа ќе испрати порака, не само до Русија. Тоа ќе испрати порака и во другите делови на светот, дека тие правила не се важни дека земјите можат да се однесуваат како што сакаат“, рече тој. Блинкен оценува дека тоа е „рецепт за меѓународен систем што се распаѓа“.
Во минатиот месец Соединетите држави и Европската унија се обидоа да испратат глобална порака за нивниот став кон човековите права и демократијата кога најавија координирани санкции против руски официјални лица во врска со затворањето на критичарот на Кремљ, Алексеј Навални.
Обвинителот против групите на Навални, поврзан со корупција
Тие санкции дојдоа по казните што против низа руски лица и компании во врска со наводното труење на опозицискиот политичар Алексеј Навални со нервен отров и хакирање на американските владини агенции.
Овие активности ги зголемија веќе сериозните нарушувања на односите меѓу Русија и Западот, за кои долго време се гледаше дека се близу, под нивото на Студената војна.
Русија продолжи да ги притиска Навални и неговите приврзаници, обидувајќи се да ја затвори неговата мрежа што објави новинарски истраги за наводна корупција меѓу највисоките претставници на нацијата.
Блинкен во интервјуто за РСЕ го осуди зголемениот притисок на Русија врз независните медиуми, вклучително и врз РСЕ, велејќи дека тоа е знак на слабост на Кремљ.
„Мислам дека земјите што ја негираат слободата на печатот се земји кои немаат голема доверба во себе или во своите системи. Зошто да се плашиме во информирањето на луѓето и да ги повикаме лидерите да бидат одговорни“, рече американскиот државен секретар Ентони Блинкен за РСЕ.