Откако кандидатот за претседател на Белорусија Свјатлана Циханускаја ја напушти Белорусија и заминаза Литванија таа прочита изјава во која ги повика Белорусите да не ги ризикуваат своите животи со спротивставување на властите.
Таа исто така рече дека народот „го направил својот избор“ - двосмислена забелешка што може да и овозможи на владата да тврди таа ги признала изборите за кои рече еден ден претходно дека победила.
Руската веб-страница Медијазона цитираше анонимни извори во кои се вели дека видеото било снимено на 10 август пред Циханускаја да ја напушти Белорусија.
И помошничката на кампањата на Циханускаја, Марија Калесникава рече дека видеото билоснимено во канцеларијата на шефицата на Централната изборна комисија, Лидија Јармошина.
Бидејќи поддржувачите и другите Белоруси се загрижени за околностите на заминувањето на Циханускаја, набљудувачите се прашуваат какво влијание би можело да има тоа врз растечките немири во Белорусија.
Циханускаја секогаш инсистираше на тоа дека таа е „симбол“ на незадоволството на луѓето, а не лидер на политичко движење.
Таа негираше каква било амбиција да биде претседател и вети само дека ќе се одржат нови, слободни и фер претседателски избори доколку биде избрана.
„Таа е идеален симбол на промени“, изјави новинарот и политичкиот аналитичар од Минск, Ихар Илијаш, додавајќи:
„Од таа причина, не е важно што прави таа во овој специфичен момент. Како симбол таа беспрекорно ја исполни својата функција. Таа ја исполни таа функција и ќе продолжи да го прави тоа. Луѓето едноставно се болни од Лукашенко“.
Лукашенко победи, но по која цена за Белорусија
Секретарот за печат на Циханускаја, Хана Красулина издаде соопштение во кое се вели дека заминувањето на кандидатот „не менува ништо“.
„Таа стори сé што може, едуцираше и ги инспирираше луѓето, постигна победа на изборите“, наведува Красулина, додавајќи: "Сега народот ќе дејствува без неа. Тие не протестираат за Циханускаја, туку за самите себе, за нивните семејства и за својата нација“.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Дури и пред да се знае дека Циханоскаја ја напушти земјата, белорускиот новинар Дмитриј Навоша истакна дека таа е под „огромен притисок“ од „суровата полициска држава“.
„Свјатлана Циханускаја се однесе крајно благородно и стори сé што можеше да направи“, изјави тој за Рускиот сервис на РСЕ за 37-годишната поранешна учителка по англиски јазик и политички почетник, која влезе во трката откако нејзиниот сопруг, популарниот блогер Сјархеј Цихануски, беше уапсен.
„Сега зависи од белоруското општество или да ги постигне или да не ги оствари своите цели“, наведува тој.
Четврти ден протести во Белорусија
Циханускаја ја напушти земјата веднаш по приватниот разговор со белоруските безбедносни службеници, додека поднесуваше официјална жалба до Централната изборна комисија за наводно фалсификување на претседателските избори.
И покрај тоа што прецизните околности на нејзиното заминување остануваат непознати, доказите од минатото сугерираат дека владата на Лукашенко игра на ваков потег во вакви околности.
Во пресрет на претседателската кампања во 2001 година, дури 30 луѓе поврзани со опозицијата „исчезнаа“ и имаше документирани докази дека претседателот наредил формирање на ударен одред за елиминација на опозициските фигури. Мистеријата за исчезнувањата никогаш не била решена.
По изборите во 2010 година, безбедносните сили на Лукашенко уапсија стотици демонстранти на опозицијата и седум кандидати кои му се спротивставија на изборите.
Москва претпазливо ги следи настаните во Белорусија и чека
Сопругот на Циханускаја беше уапсен во западниот град Хродна кон крајот на мај и останува во притвор.
Во јули, Циханускаја ги однесе своите деца надвор од Белорусија по заканите против нив. За време на кампањата беа уапсени околу десетина членови на нејзиниот персонал, а многумина исто така остануваат во притвор.
Претходно, Циханускаја издаде кратко, емотивно видео во кое таа објави дека ја напуштила Белорусија и завршила со тврдење дека „децата се најважната работа во животот".
Во објавата на Фејсбук, руската новинарка Евгенија Албац напиша: „можеме да претпоставиме само какви закани биле направени против неа, нејзиниот сопруг и шефот на нејзиниот изборен штаб за време на седум часа, колку беше задржана во белоруската Централна изборна комисија“.
Од почетокот, белоруските демонстранти ја поддржуваа Циханускаја, но тие не беа водени од неа.
Лукашенко ќе избега од Белорусија ако се соочи со масовни протести?
Протестите се појавија низ целата земја, а имаше и живи дискусии на платформата за социјални медиуми „Телеграма“.
„Интернет-страниците во Белорусија се скоро целосно блокирани; дури и не може да се отворат провладини страници “, рече Роман Проташевич, уредник на каналот Nexta Telegram во Варшава.
„Во суштина, единствената работа што работи без да користите VPN или прокси е „Телеграма“. Продолжува да работи. Плановите на дејствување се појавуваат врз основа на она што самите луѓе одлучуваат“, вели тој, додавајќи:
„Има голем број на внатрешни разговори, вклучувајќи разговори на нашите канали каде тие навистина создадоа цели мрежи. Многу од нив имаат повеќе од 10,000 учесници, а луѓето навистина се обидуваат да се координираат. И, постепено, тула по тула, плановите се спојуваат. Главната идеја сега за многу луѓе е децентрализација на протестите. Луѓето разбираат дека ова е најефективниот начин ако се земе предвид дека полицијата вообичаено гравитира кон една точка “.
ЕУ за изборите во Белорусија - „ниту слободни, ниту фер“
На 11 август беше објавен оглас во кој се повикува на итен генерален штрајк. Во изјавата се издадени три барања: Циханускаја да биде прогласен за победник на изборите на 9 август; сите политички затвореници да бидат ослободени; и да се одржат „нови, чесни“ избори.
„Нашето гласање покажа дека повеќе од две третини од Белорусите се подготвени да ги напуштат работните места за да го погребаат овој режим еднаш засекогаш“, се вели во соопштението.
Опозицијата во Белорусија е многу свесна дека по спорните избори во 2010 година безбедносните сили брзо ги задушија масовните демонстрации во главниот град Минск, додека остатокот од земјата во голема мера гледаше.
Лукашенко потоа се пофали дека потребни се само седум и пол минути за да се смират немирите.
Оттука и стратегијата за децентрализација.
„Се чини дека демонстрантите немаат јасен план“, рече белорускиот политички аналитичар Артсом Шрејбман. „Кога нема план, протестите често изумираат…. Сè уште нема план за победа, но ниедна револуција не е спроведена без да постои одреден план“, вели Шрејбман.