Заради избегнување на опасноста од евентуално пренесување на вирусот КОВИД 19, во услови на прогласена пандемија, постапувајќи согласно донесените мерки на Владата за спречување на ширењето на заразата, Агенцијата за храна и ветеринарство препорачува да се избегнува користење на апаратите за автоматска подготовка на кафе и апаратите за вода, кои се поставени на јавни површини.
Препораката, посочуваат од АХВ, се однесува и на сите останати субјекти и компании кои користат вакви апарати и каде пристап и контакт со нив имаат поголема група на луѓе.