Неделното интервју на РСЕ со генералниот секретар на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, и другите информации што ги објавуваме на својата веб-страница се повторно предизвик за нашите посетители да коментираат на нашата ФБ страница. Јанушев, покрај другото, за „Рекет“ вели дека не е битно кој со кого комуницирал, кој на кого ги дал, од каде се снимките, но потврдува дека немале контакт со новинарот на италијанскиот онлајн весник Ла Верита и ги немале снимките за случајот „Рекет“.
Орце Цветковски смета: „Ти се гледа дека лажеш“, а потпишана со Мадона Мадона му реплицира на Цветковски со прашање: „Овие што крадат сега, или Јанушев ли е крив, или Груевски“. Цветковски ја прашува Мадона Мадона зошто се крие зад псевдоним и без слика на профилот, па ѝ одговара: „Нормално дека ќе се криеш, кој нормален веќе поддржува криминалци како овие од ДРПМНЕ“.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Бор Че Панов коментира дека аферата „Рекет“ била „нивно сценарио, режија и реализација, но сето тоа не е важно, важно е што овој случај поттикна жестока реакција против мафијата, тие сакаат избори, но ние граѓаните сакаме да ги видиме мафијашите зад решетки...“
Насер Калоши со своја реакција на претходниот коментар: „Во решетки да мафијашите, ама не само на ВМРО, цела влада со Заев, Катица, таму кај Боки 13...“
За Ники Ане Божиновски, пак, интервјуто со Јанушев е одлично: „Кога некој што ја преферира правдата и вистината , излезе пред јавност, и сето тоа го срочи во прецизни, смислени, објективни и културни одговори, тогаш е задоволство да се слуша“ – коментира Божиновски.
Коста Митев реагира на, како што вели, ниското ниво на коментарите, зашто многу од постовите се со навредлив и непримерен речник: „...Како вечерна школа да е врвното образование на мнозинството што коментираат. Бедно“ – завршува Коста Митев.
Кажаното од лидерот на опозициската партија, Христијан Мицкоски, на прес-конференцијата пред некој ден, „собрало“ куп коментари, особено неговата порака дека „Заев е на колена, ние ќе ја обновиме Македонија“. За Даниел Јованов Јованов ова е за во вицотека, а Бобан Неделковски со негодување: „Кој како дојде ја обновува Македонија, а таа уште необновена, но вие имавте 11 години и преголем период, што не ја обновивте тогаш“.
Апостол Чулев е против двете партии: „Кој Заев, кое ВМРО, маанете се некаде да ве снема“. Посетителите на нашата ФБ со бурни реакции на изјавата на специјалната обвинителка, Катица Јанева дека не дала наредба за претресување на другите обвинители од СЈО и дека „не е расположена за разговор“, како што се наведува во информацијата на А1ОН што ја пренесува РСЕ.
Сузана Кикеркова налутено: „Катастрофа!! Кој те праша дали си расположена за разговор? Дно од човек, мораш да разговараш, ЈАСНО!!!“ „... 4 милиони евра земате наши пари и секогаш треба да бидеш расположена за разговор, должна си на граѓаните на оваа држава. ДОЛЖНА!!!“ – постирал Трајче Тесла Калинов.
Бурим Зејнеп ја прашува Јанева: „Дали сте расположена за милиончињата... некој да умира од глад и да работи по цел ден, а некој да прави милиони со седење, ако не одговарате овде, сигурно ќе одговарате кај Господ“.
Пораките кои продолжуваат се во овој тон и во овој стил.