Ауспухот до кафеанските маси – мириса на пролет во Скопје

Илустрација

Летните бавчи на кафеаните отворија, улиците пред нив се наполнија со паркирани автомобили. Скопско Дебар Маало е речиси непроодно од паркирани коли. Боемштината нема многу заедничко со дишењето од ауспух, коментираат граѓаните на социјалните мрежи.

Овошките расцветаа, птиците пеат на гранките, автомобили се паркираат на среде улица во скопско Дебар Маало. Недостига уште турирањето на спортски мотори по Партизанска во сред ноќ за ова да заличи на една нормална скопска пролет.

По намалувањето на бројот на заразени со коронавирус, владата донесе одлука за олабавување на рестриктивните мерки за контрола на пандемијата. По три недели, на кафеаните сега им е дозволено да работат во отворените делови, односно на летните бавчи. Се чини како граѓаните да го чекаа отворањето во низок старт.

Други забележуваат дека боемштината нема многу со паркирањето на автомобилите на сред улица.

Други иронизираат дека нема многу југовци за полицијата да може да покаже дека правната држава функционира.

Моторџиите сепак останаа со покус ауспух. Полицискиот час наместо од 20, почнува од 21 часот, па не можат во 2 по полноќ да турираат на семафори.

Од вчера, до 15 мај, забраната за движење ќе почнува во 21 и ќе трае се до 5 часот наутро. Полициски час нема да има вечерта на 1 кон 2 мај, за верскиот празникот Велигден, како и меѓу 13 и 14 мај, за верскиот празник Рамазан Бајрам. Кафеаните може да работат во отворените делови до 20:30 часот.