Антивоена уметност: графити со поддршка за Украина во целиот свет

Мурал со наслов Дете на војната во Лос Анџелес, Калифорнија, од уличниот уметник познат како Киднак. Во изјавата тој рече: „Кога возрасните водат војна, децата страдаат. Најновата војна во Европа предизвика бегалска криза во која може до 10 милиони Украинци да избегаат од бомбите на [рускиот претседател Владимир] Путин“.

На ѕид во Рим, Италија, две жени насликани во националните бои на Украина и Русија се гледаат како липаат и се гушкаат со зборот „мир“ што ги врзува заедно. 
 

Уметниците Џулиано Триндад и Кори Мати стојат пред нивниот заеднички мурал „До Украина со љубов“ во Лос Анџелес на 8 мај. Овој конкретен мурал има QR-код што оди во националната банка на Украина, која формираше фонд за собирање пари за украинските војници. „Важно е на луѓето да им се обезбеди пристап до активизам“, рече Мети. „Добрата уметност те тера да размислуваш, но одличната уметност те тера да правиш“.

Ученици во Барселона, Шпанија, поминуваат покрај муралот на уметникот TVBOY на 9 мај. Мировниот симбол на сликата првично беше дизајниран за британското движење за нуклеарно разоружување во 1958 година.

На оваа слика во рускиот град Боровск на 14 април се гледаат Украинки и Русинки како се држат за рака со натписот „носталгија“ над нив. Насликан е од 84-годишниот Владимир Овчиников, кој со децении изработува мурали на згради во и околу овој мал град јужно од Москва.

Во главниот град на Бугарија, Софија, слика на рускиот претседател Владимир Путин го носи неговото сопствено мртво тело, дело на Станислав Беловски.

Овој мурал создаден од колективот LBWS во украинскиот пристанишен град Одеса предизвикува детска привлечност, истовремено прикажувајќи ја сериозноста на војната.

Луѓе минуваат покрај мурал на кој е прикажан Путин како кине глава на гулаб, на Place de la Paix во Лион, Франција, на 22 март од непознат уметник.

Мурал од уличниот уметник Бандит во Лос Анџелес на 21 март. Бандит, кој вообичаено се фокусира врз прашањата на домородните Американци, објасни како ова парче е спиноф на сликата на Емануел Лејце на Џорџ Вашингтон како ја преминува реката Делавер со континенталната армија во 1776 година. Како што наведува на својата страница на Инстаграм: „Подобро уживам во оваа нова верзија. Ние стоиме со Украина“.

Жена поминува покрај мурал во Прага, Чешка, на кој е прикажано дете кое се заштитува со украинско знаме од руската инвазија. Уметникот од Казахстан, Дмитриј Проскин, чиј назив е ChemiS, за РСЕ изјави дека „главната работа е што тоа го гледа украинскиот народ“. Тој додаде: „Тие ми испраќаат пораки со благодарност, така што мојата главна цел да им ја покажам на Украинците нашата поддршка беше постигната“.

Муралот Путин како лорд Волдеморт беше насликан од уличниот уметник Кавварт во Познан, Полска, во февруари. Лорд Волдеморт е негативецот од книгите на Џ.К. Роулинг за Хари Потер.

Уметникот Хари Греб неодамна нацрта СОС во Рим, Италија. Греб за РСЕ изјави дека секој треба да го слушне својот глас и дека оружјето никогаш не треба да се користи за решавање на проблемите. „Не знам дали мојата уметност може да направи разлика, секако не сама“, рече тој. „Но заедно, можеби можеме“.

Романка оди пред печатената слика на која е прикажан Путин обесена во близина на руската амбасада во Букурешт на 29 април. 

Уличниот уметник Тод Гудман, познат како 1GoodHombre, стои пред неговата матрица на украинскиот претседател Володимир Зеленски, држејќи автомати на 21 март во Санта Моника, Калифорнија. Гудман излезе од анонимност, ризикувајќи апсење и парични казни за неговата нелиценцирана работа за да бара средства за украинските воени бегалци. Гудман за РСЕ изјави дека неговите дела се повик за мирен ненасилен отпор на неконтролираната агресија и насилство на Путин во Украина. „Немам идеја дали мојата работа може физички да промени нешто друго освен можеби да промени како некој може да се чувствува, од чувство на безнадежност и страв, до чувство на надеж и бестрашност пред злото“.