Упатена е втора молба до производителот на вакцините против Ковид-19 „Фејзер“ за согласност за извоз на делот од контингентот даден на Србија, а што таа земја ѝ ги вети како помош на Македонија, изјави премиерот Зоран Заев, кој ,исто така, рече дека се ургира и преку нашето Министерство за здравство и дека верува оти барањето ќе биде одобрено.
Видете и ова: Во очекување на вакцините, стекнуваме природен колективен имунитетНа нашата ФБ страница изгледа се најактивни оние против вакцинирањето, па потпишан со Ташка Рангел порачува: „Не брзај, и така овде во Македонија се сѐ антиваксери.“ И некоја или некој Алма Алма има пост во истиот стил: „Не знам зошто брзате за вакцината кога никој не сака да ја прими.“ Стојан Хаџи Димитров констатира: „На овој портал има повеќе вмровци-коментирачи отколку на Курир, Нетпрес, Република, Вечер и Експрес заедно“.
Новоизбраниот претседател на ДИК, Александар Даштевски, избран по предлог на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, во неделното интервју на РСЕ, покрај другото вели: „Самиот старт покажува дека ќе има политички притисоци, посебно кај мене, но јас сум искусен и добро сум ја вршел работата, таа треба да се заврши
професионално и стручно“.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Даштевски исто така тврди дека ДИК воведува поголема заштита за да не се повтори хакерскиот напад врз нејзиниот сајт како што се случи на последните парламентарни избори. Стојан Хаџи Димитров коментира и по оваа информација: „Почна овој со дпмне-овска еротика, пардон, реторика“, а Бобан Јакимовски со свое гледање на делот за заштитата од хакери: „Абре кои хакери, јасна ни е демократијата, ја видовме во САД, сѐ е дело на Сорос и Калето!“ Инаку, за Даштевски има голем број лични навреди и подбивни постови, и нив, разбирливо не ги цитираме.
Видете и ова: Бавна правда не е правда
Многу повеќе коментари има по информацијата дека МВР привело 97 работници од странство без регулиран престој во земјава и кои работеле непријавени.
Аќив Јакупи смета: „Не се криви работниците, на работодавците да им се поткусат нозете, сѐ на црно сакаат да заработат“. Коста Костадинов забележува: „Инвеститорите/газдите не се приведени, односно се на слобода за да спремаат една ташна рушвет, некој тоа го вика рекет, и ќе си продолжат како што треба... ако не можеш по магарето, удри по самарот...“ Муге Фердија Шабани подбивно: „Колку сме јаки, почнаа и странци да работат, дојде живот“, а, пак, Христијан Р., со доза на иронија се чуди: „И кај нас идат од странство да работат?!“