Антиваксери и авганистански мигранти - вие коментирате

Недела 15.08.2021 - Протести поради владините мерки за неширење на Ковид 19

Протестот против мерките за неширење на Ковид 19 и најавата на премиерот Заев за спремноста да се прифатат цивили од Авганистан ја разбрануваа јавниоста и предизвикаа многу коментари на нашите социјални мрежи

Во Скопје во неделата вечер се случи протест против новите мерки за спречување на ширењето на корона вирусот, што поради брзото зголемување на бројот на заразени почнуваат од денеска, понеделник 16.08.2021.

На видеото што може да се гледа на веб страницата на РСЕ се читаат транспаренти на протестантите пред Собранието: „Слобода без уцена“, „Мое тело мој избор“, но и извици „Оставка“, а се гледаат и неколку знамиња со ѕвездата на Вергина.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Протест на противниците на вакцинацијата поради новите анти Ковид мерки

Во вашите реакции на ФБ страницата има прилично коментари со поддршка „Браво“. Енис Ибраим се смее и пишува: „Пола сигурно се вакцинирани што биле на протестот хахаха“. Филимена Росица смета дека вакцината првин „треба да се докаже дека заштитува 99% и граѓаните дотогаш имале право на протест“, превидувајќи се чини дека ниедна вакцина не заштитува 100% или 99%. Кире Велјановски забележува: „Тоа не се граѓани тоа се партиско гласило на ДПМНЕ затоа е фејк“. Климент Шукрески му одговара дека не бил партиски определен, ама излегол „да протестира за слободна Македонија“. Снежана Динева ,исто така, смета дека протестантите биле партиски послушници и „кога ќе почувствуваат ковид проблем да не ги вознемирувате нашите херои, докторите, сестрите, кои деноноќно се бореа и се борат за секој човечки живот“, а Нина Николиќ гледа „исти луѓе на сите протести“. Анастас Упевчев констатира: „Значи и ти присуствуваш на секој протест“, а Нина Николиќ му одговара: „Не одам ни на протести ни на митинзи, очи нека си вадат за фотелја и пари. Од видеото препознав луѓе што беа за тутунот и за други работи пред Собрание“.

По информацијата за изјавата на министерот Венко Филипче дека „Протестот е уставно право, но исто такво е и правото на здравје“, има коментари против Филипче и СДСМ со огромен број пцовки, лични навреди и колнежи.

Сашо Станикевски, откако упатува навредливи зборови за членовите на СДСМ, прашува: „Како е можно да дозволувате персонал во кафана што не е вакциниран да служи, а гостин да не може да влезе...“, а Зуди Зекири смета дека „Индиректно го терате народот да се вакцинира“. Потпишан со Блаам Мафам коментирал: „... Те сметав за добар министер, но веќе си 0 за мене“.

Видете и ова: Заев: Спремни сме да прифатиме цивилно население од Авганистан


Изјавата на премиерот Зоран Заев дека „Авганистан се соочува со можна хуманитарна катастрофа и затоа ние како Влада ги информиравме нашите стратешки партнери САД дека стоиме на располагање да помогнеме согласно нашите капацитети и потреби“, дефинитивно е рекордер со повеќе од 370 постови од граѓани што ја следат РСЕ. Речиси 90% од постовите се негативно настроени, повторно со лични навреди и мешање политика, што нема да ги цитираме поради професионални принципи, како и во случајот со реакциите на изјавата на министерот Филипче. Тина Реал со потсмев: „Ма ние сме спремни бре за сите, кој е ко нас“, а Деан Челико Илиески во истиот стил: „Ко ќе вида кај се дојдени ко ќе му ја прсна кој ќе ги додржи“. Златко Ксави Арсовски со прашање: „Дали ќе имаат сертификат за примена вакцина и ќе прават ли брзи тестови пред да влезат во Македонија?