Премиерот Зоран Заев викендов во рамките на работните средби во Охрид се сретнал и сo заменик- претседавачот на Фондациите Отворено општество Александар Сорос, потврдија од Владата.
Во писмениот одговор се вели дека како средбата била дел од новата регионална иницијатива за Западен Балкан. Средби биде одржани со претставници на Европската комисија, на Европската банка за обнова и развој, Европската инвестициска банка, Регионалниот совет за соработка, како и со заменик - претседавачот на Фондациите Отворено општество Александар Сорос, кои, како што велат од Владата, се залагаат за унапредување на човековите права, правда, подобро јавно здравство и образование.
„Нема ништо тајно во новата иницијатива на земјите од Западен Балкан - тоа е иницијатива за подобар Балкан и за подобар живот на сите граѓани во регионот. Иницијатива за подобар Западен Балкан не е никако поврзана со најавените предвремени избори во нашата земја“, се вели во одговорт од Владата.
Од Владата тврдат дека зголеменото полициското обезбедување на охридскиот аеродром, било ангажирано заради присуството на високите гости на регионалниот состанок во Охрид, односно заради потребите на шефовите на држави и влади од регионот кои беа учесници на работните средби согласно безбедносните протоколи.