Австралија го суспендира договорот за екстрадиција со Хонг Конг

Скот Морисон

Австралискиот премиер Скот Морисон изјави дека Австралија го суспендира договорот за екстрадиција со Хонг Конг и ги продолжи визите за неговите граѓани како одговор на воведувањето на кинескиот закон за национална безбедност во Хонг Конг, јави АП.

Тој најави дека визите ќе бидат продолжени од две на пет години, како и другите форми на дозволи за постојан престој.

„Нашата влада, како и другите, постојано изразува загриженост за воведувањето на законот за национална безбедност во Хонг Конг. Тој закон содржи фундаментална промена на околностите кога станува збор за нашиот договор за екстрадиција со Хонг Конг“, рече Морисон.