Талибанците со години се закануваат дека ќе ги убијат сите Авганистанци кои работеле за американските и НАТО силите во Авганистан, означувајќи ги за „предавници“.
Со оглед на тоа што сите странски трупи ќе ја напуштат земјата до септември, десетиците илјади Авганистанци кои работеа како поддршка на странците се зафатени од страв и паника. Нивните грижи се добро втемелени.
Германија депортираше десетици авганистански баратели на азил во Кабул
Талибанците убија стотици Авганистанци или членовите на нивните семејства кои со години работеле за странските воени сили. Овие стравови се влошија со талибанските придобивки на бојното поле во последните месеци.
Од почетокот на повлекувањето на 1 мај, милитантната група зазеде десетици области, воени бази и градови, зголемувајќи го стравот дека може да ја собори и авганистанската влада поддржана од Западот.
Видете и ова: Убиени најмалку 10 членови на Центарот за деминирање во Авганистан
Соединетите држави и некои земји со војници што заминуваат од Авганистан подготвија специјални програми за миграција за да им помогнат на загрозените авганистански работници да го напуштат Авганистан.
Но, многу Авганистанци кои аплицирале се жалат дека биле оставени во ничија земја откако не добиле одговор од странските имиграциони власти. Тие велат дека програмите течат премногу бавно и не ги опфаќаат сите поранешни авганистански вработени кои можат да бидат изложени на ризик.
Околу 300.000 авганистански цивили работеле за меѓународни сили од инвазијата предводена од САД во 2001 година, како готвачи, чистачи, механичари, преведувачи и чувари.
Голема опасност
„Ние сме во голема опасност. Не само ние, туку и нашите семејства. Талибанците ќе нè убијат“, вели Абдул Вакил, кој работеше како чувар од 2004 до 2008 година на аеродромот Баграм, најголемата база на американската војска во Авганистан.
Бомбашки напади во Авганистан, убиени најмалку 10 цивили
„Со заминувањето на странските трупи, талибанците би можеле повторно да ја преземат земјата. Во тој случај секој би бил во опасност, но особено ние“, вели Вакил.
Околу 300 Авганистанци кои работеле за американската војска се убиени од 2016 година, наведува една американска невладина организација која работи со авганистанските преведувачи за да им помогне да се преселат во Соединетите држави. Групата проценува дека во просек годинава биле убиени по двајца преведувачи месечно. Бројот на загинати се зголеми на пет во текот на мај.
Видете и ова: САД најавија 266 милиони долари хуманитарна помош за АвганистанАвганистанските преведувачи кои работат за странските сили се особено подложни на нападите на милитантите кои ги етикетираат како „шпиони“ затоа што, како што велат, им биле очи и уши на странските „окупатори“.
Талибанците на 7 јуни издадоа изјава во која ги уверува Авганистанците кои работеле со меѓународни трупи дека нема да бидат цел на напади доколку „покажат каење за своите минати активности и нема да се занимаваат со такви активности во иднина“. Но, постои широко распространета недоверба во гаранциите на талибанците.
„Талибанците стануваат сè посилни секој ден. Тоа значи дека нашите животи стануваат сè позагрозени со секој ден“, вели Абдул Карим, 28-годишен преведувач, кој работи за американската војска од 2015 година. Во јануари, талибанците убија Авганистанец кој работел за американската војска околу 12 години и чекал виза за САД. Други поранешни авганистански преведувачи велат дека добивале смртни закани од талибанците.
Заглавени во бирократијата
Групите и набљудувачите на човековите права ги повикаа западните земји да ги забрзаат програмите за преселување на Авганистанците кои се изложени на ризик од талибанците. Околу 18.000 авганистански апликанти сè уште чекаат одлука за нивните апликации за специјална имигрантска виза во САД.
Амнести Интернешнл предупредува на загрозување на женските права во Авганистан
Програмата е создадена во 2009 година и е направена според слична шема за Ирачаните. За да добијат виза Авганистанците мора да докажат дека се во опасност и најмалку една година да биле вработени од американската влада.
Пентагон соопшти дека развива опции за евакуација на Авганистанците за кои се смета дека се изложени на ризик од талибанците поради нивната работа со американските трупи. Американските законодавци побараа илјадници Авганистанци да бидат евакуирани пред меѓународните трупи да се повлечат, стравувајќи дека тие можат да бидат „убиени од талибанците“.
Видете и ова: НАТО ќе обучува специјалци во Авганистан и по повлекувањетоКонгресмените велат дека обработката на визите може да трае повеќе од две години и веројатно за тој период поранешниот авганистански персонал ќе биде подложен на одмазднички напади од талибанците.
Британија започна да го забрзува преместувањето на авганистанскиот персонал на 1 април. Британскиот секретар за одбрана Бен Валас на 31 мај рече дека е „правилно да се забрза преместувањето на оние кои можат да бидат изложени на ризик од одмазда“, додавајќи дека земјата му должи „благодарност“ на локалниот персонал вработен од британските сили.
Повеќе од 1.360 поранешни авганистански вработени и нивните семејства веќе се преместени во Британија. Но, илјадници апликации допрва треба да бидат обработени.
Владата ги олабави барањата за апликантите
Алијансата „Сулха“, група која води кампања за авганистанските преведувачи кои работат за британската армија, соопшти дека политиката на Лондон да ги отфрли апликантите кои биле отпуштени, многу од нив за полесни прекршоци, е загрижувачка. Другите земји кои имаат војници во Авганистан, како Австралија и Германија, не го забрзаа преселувањето.
„Земјите што сега се повлекуваат од Авганистан се премногу бавни во развојот на планови за евакуација, преместување и раселување за нивните поранешни авганистански вработени“, вели Патриша Госман, директор за Азија во Хјуман рајтс воч, додавајќи: „Тие треба да признаат дека нормалните патеки се премногу бавни и дека се потребни забрзани временски рамки за Авганистанците и нивните семејства кои можат да бидат убиени заради нивната работа во коалициските сили“.