Зошто Скопје нема трамвај?
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Знаете ли дека во Скопје имаше трамвај на крајот на 19 век. А сега нема. Епa, првиот трамвај во Виена се појавил во 1864 година, а Скопје имало трамвај во 1884 година? Е, сега тоа не биле трамваи како денешните, туку биле влечени со коњи. Што ќе се случи во блиска иднина ако Скопје не ја модернизира сообраќајната инфраструктура. Слушнете во една минута што вели професорот Зоран Кракутовски во Подкастот „Зошто“ на Слободна Европа кој во целост ќе можете да го слушате на Спотифај, Ејпл и Гугл подкаст, Јутјуб и Фејсбук на 20 септември.