Зошто претседателските избори во Иран се поважни од минатите гласања?
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Иранците ќе изберат нов претседател на 28 јуни, повеќе од еден месец по смртта на Ебрахим Раиси во хеликоптерска несреќа. Шест кандидати, вклучително и еден единствен реформист, беа избрани од политичкиот естаблишмент на исламската република. Победникот може да одигра голема улога во изборот на наследникот на врховниот водач, ајатолахот Али Хамнеи. Но, некои Иранци изјавија за Радио Фарда на РСЕ дека ќе ги бојкотираат изборите за кои сметаат дека се наместени.