Зошто и кога треба да го откажете терминот за специјалистички преглед?
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
За закажување на некои специјалистички прегледи се чека и со месеци. Но, наспроти долгите листи на чекање на „Мој термин“, македонските пациенти немаат навика да ги откажат прегледите кога не можат да одат на закажаниот термин. Па така, испразнетото место не може да се пополни со друг пациент на кој му е потребен истиот преглед. Надлежните нудат неколку мерки за намалување на оваа појава.