Живот во руини: Украинско место на линија на фронтот речиси без жители

Ликот на рускиот претседател Владимир Путин виси на централниот плоштад во градот Вухледар во областа Доњецк на 16 јули. Малиот рударски град, кој пред инвазијата имаше околу 14.000 жители, сега е изгорен од воените дејства и околу 100 граѓани се без струја, вода или функционална инфраструктура.

Свитлана (73) оди по улица во близина на уништените станови во Вухледар на 16 јули.

Многу од жителите кои останаа во градот се постари. Киев ги моли луѓето да си заминат, но многу од старите и сиромашните остануваат.

Вухледар се наоѓа на околу 55 километри југозападно од градот Доњецк и продолжува да биде цел на артилерија и ракети додека силите на Москва се борат да го освојат.

Свитлана, чиј дом е уништен, шета низ опожарената внатрешност на домот на нејзиниот сосед. Многу од жителите на Вухледар живеат во своите подруми без греење и струја и се приморани да собираат дождовница за пиење.

Неколку украински војници од 72. механизирана бригада поминуваат покрај кратер од гранати во Вухледар.

Тринеделната конфронтација во близина на градот стана, како што велат украинските власти, најголемата тенковска битка во војната досега, при што силите на Кремљ наводно претрпеле големи загуби бидејќи Киев тврди дека уништил 130 тенкови и оклопни транспортери.

Импровизиран гроб на локален жител во тревник во близина на оштетените домови.

Близината на градот до линијата на фронтот резултираше со смрт на околу 60 граѓани, меѓу кои и три деца.

Валентина (72) шета во подрумот на станбениот блок во кој живее. И покрај тешкотиите, таа одбива да замине.

Икона оштетена од гранатирање во црква во Вухледар. Заменик-градоначалникот на Вухледар на почетокот на годинава изјави дека градот е уништен, со „сто проценти од зградите оштетени“.

Наталија (90) стои на влезот од нејзиниот станбен блок. Животот е особено тежок за постарите жители бидејќи ризикуваат сериозни повреди или смрт кога излегуваат надвор.

Украински војник ја теши Наталија држејќи ја нејзината рака.

Свитлана оди по гратираниот „пејзаж“ на нејзината станбена заедница, која е уништена од инвазијата на Москва.

Помалку од 100 жители во градот Вухледар, во регионот на Доњецк, не сакаат да се евакуираат, иако се на линија на фронтот. Цел се на постојано гранатирање.