Жарко Јовановиќ млад дечко глумец – кумановец, стенд ап комичар. Еден од онаа млада глумечка гарда која успева да ја насмее публиката и во тмурни времиња. Зошто му е смешна политиката и политичарите, па ни ги нуди и на сатиричен начин, во живо, на интернет или на ТВ.
Во Куманово глуми во театар а во државата познат и по неговите стенд ап комедии. Жарко се инспирира од дневнополитичките настани во земјава, за кои , како што вели, постојано нудат нов материјал за комедија.
На прашањето Зошто му е смешна политиката, па ни ја нуди и на сатиричен начин, во живо, на интернет или на ТВ Жарко Јовановиќ одговора со контрапрашање.
„Епа ајде, не знам вие кога ќе видите некое гостување на наши политичари во емисии за разглобување на некои теми, ви изгледа тоа сериозно или смешно„
Жарко преферира стенд ап во живо за да ги гледа реакциите на публиката. Го преферира и театарот но во стенд ап „ти си ти“.
Но за Жарко не треба да читате туку да го слушате:
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Сатирата на дневно политичките настани вели има традиција и учел и од домашни и од странски актери. За тоа дали имал негативни реакции од политичарите порачува – „па подобро е да се либерте и да го прифатат тоа емитирање„. Вели дека немал негативни реакции и дека некои политичари преферираат и да се снимаат заедно со оние кои ги емитираат.
Има ли надеж?
Роден во 1994 Жарко Јовановиќ не ги коментира директно состојбите но за реалноста во која се живее вели дека „се нешто ќе биде ама се е полошо и полошо“
„Се е во наши раце. Мора да се освестиме дека промените мора да потекнат од нас. Они (политичарите) си тераат како што им одговара“.
Слушајте не, следете те го поткастот Зошто на Слободна Европа и на Спотифај, Јутјуб, Ејпл и Гугл поткаст. Кликнете на Зошто и давајте ни идеи и теми кои сакате да ги слушате, а ние ќе прашуваме преку нашите социјалните мрежи.