Земјоделци со лаптоп и дрон, наместо мотика

Органски зеленчук, органски житарки, колку е органската храна тренд или иднина во исхраната? Со професорката на Земјоделскиот факултет во Скопје Гордана Попсимонова во подкастот „Зошто“ разговараме и зошто земјоделието замира, но и што е дигитално земјоделство.

„Органско“ е етикетата на која сите се „лепиме“ кога купуваме зеленчук или овошје или што и да е друго на пазар, во маркетите. Што значи тоа во суштина?

Гаранција дека продуктот е здрав за консумација, дека не е третиран со хемија, со пестициди, вештачки ѓубрива, објаснува Гордана Попсимонова, професорка на Земјоделскиот факултет.

Првично идејата била да се одгледува како што дала природата, да се консумираат продуктите само кога е природно да ги има. Правилата беа многу строги, нема третирање во контролирани услови, но сега, полека полека дојдоа до заклучок дека нема шанса да се дојде до продукт кој е пазарен ако не се користат средства за заштита или прихрана. Тоа е прескапо. Прво ги попуштија границите, за да сега имаме органско производство во хридопонија.

Некои од нас се уште го паметат мирисот на доматите од бавча од пред неколку децении. Попсимонова вели дека имаме уште автохтони сорти.

Ние порано го береме доматот за да го подготвиме за транспорт и затоа го нема тој мирис. Ако го оставиме да зрее ќе мириса, Јабучарот има толку варијанти, секој град има свој јабучар, најпознат е скопскиот. Тој тип на домат има тенка покорица и не е подобен за транспорт и затоа го имаме на пазарот.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Земја на викенд земјоделци

Професорката Попсимонова вели дека не е проблемот во употребата на пестициди, туку како и кога се користат за да биде безбеден тој начин на производство.

На нашите земјоделци скапо им е да купуваат пестициди и ѓубриво. Но не значи ако не е третиран зеленчукот дека е органски или здрав.

Но се помалку луѓе работат во земјоделието и има многу необработена земја. Пред само 10-15 години под градинарство се обработуваа 55 илјади хектари, сега има едвај 15 илјади хектари. И земјоделието не е имуно на миграцијата, си одат младите луѓе. Владите се обидуваат да ги задржат со субвенции, вели Попсимонова, кои за вистинските производители не значат ништо,. Бидејќи ако се вистински домаќини ќе заработат и 10 пати повеќе од тоа.

Може ли да се заработи?

Ако сте порофесионален земјоделец – да. Ние сме уште земја на викенд земјоделци. Сопственикот си работи во државна установа, а за викенд си работи на земјата. Немаме професионални земјоделци.

Гордана Пописмонова во подкастот Зошто со Сања Васиќ

Се помалку и се запишуваат и на земјоделскиот факултет, а тие што завршуваат очекуваат да бидат вработени во државна институција, нема да се врата на нива.

Воведена е и нова насока, дигитално земјоделство кое треба да одговори на предизвиците на природата.

Во мојата бранша цел процес е дигитален или може да биде. Имаме сензори околу растението, за вода, храна, сите реагираат на гранични вредности, го храниме со податоци од сензорите, има и сензори за појава на болести што се забележуваат со дрон.

Да стави под контрола тоа што може, да не чекаме да не изненади природата, да бидеме проактивни, објаснува професроката Гордана Попсимонова.

Слушајте не, следете те го Поткастот Зошто на Слободна Европа и на Спотифај, Јутјуб и Ејпл . Кликнете на Зошто и давајте ни идеи и теми кои сакате да ги слушате, а ние ќе прашуваме преку нашите социјалните мрежи.