Господине Јовановски, во моментов тука трае кризна состојба. Која е причината и зошто е прогласена и има ли опасност по безбедноста?
Да, кризната состојба е прогласена на 6 Јуни по барање на установата и една од најголемите проблеми зошто е побарана е бројот на затворските полицајци односно бројот на извршители на затворот Идризово.
Каква е состојбата во моментов со бројот на затворски чувари?
По стандардите кои се пропишани и бројот на монталната бројки затворска полиција и бројот на затвореници и објекти кои се обезбедуваат беше паднат под минимум за спроведување на нормално работење.
Видете и ова: Полиција и војска на помош во обезбедувањето на најголемиот затвор „Идризово“Тоа значи дека не е безбеден затворот со толкав број вработени?
Па, да. Значи ние паднавме на минимално обезбедување што значи дека е безбеден, но со прогласување на кризна состојба на помош дојде дел полиција и дел војска односно зазедоа периферни позиции и ни се ослободија поголем број затворски полицајци кои ги вклучивме во нормалното работење во самите затвори.
Во моментов имате оглас за нови вработувања. Колкумина се бараат и кога би можел да заврши бидејќи кризната состојба е до 5 јули и дали до тогаш би можело да се обезбеди нормално функционирање на затворот?
Да, меѓутоа, оној конкурс што беше распишан пред јас да дојдам и веќе се прави селекција на пријавените кандидати кај и да ќе добиеме конечна листа на затворски полицајци. Владата со добра волја за подобра работа на затворот ни дозволи конкурс за нови 100 вработувања и кога ќе заврши тој конкурс ќе има нормално работење на затворот.
Вие сте кус период тука. Каква е оценката општо за ситуацијата тука?
Па можам да кажам дека за овие три месеци што сум тука не само државата, институциите заборавиле дека постои затворот. Од екипирање со луѓе, со опрема со одржување на тоа што е постоечк.
Видете и ова: Како е ископан тунелот за бегство од најголемиот македонски затвор
Се уште се спие по ходници?
Тоа го надминавме.
Колкави се долговите. Како ќе се надминат тие и кон кого се најголемите долго зошто се толкави ?
Моето согледување е дека тие долго што се н се направени во некоординирано институционално координирање. Ние имаме најголеми долгови кон Министерство за здравство, МВР и струја, вода.
Колкав е долгот на затворот?
На дневно се менува и се зголемува. Па преку милион евра.
Доаѓате на ова место од позиција пензиониран припадник на МВР, но бевте и поротник во случајот за пресудата за 27 април за инцидентите во Собрание. Се согласувавте со таквата пресуда?
Тоа би можел во некоја друга емисија да одговориме
Имате тука затвореници од тој случај?
Има еден.Имаше двајца но едниот е ослободен
Имате некаков посебен однос со нив?
Не, исто е немаат повластици.