Билбордот се појави на најмалку една автобуска постојка во Санкт Петербург некаде рано на 29 јули и го снема помалку од еден ден подоцна: реклама за VK Video, услуга за стриминг на видеа од доминантниот руски гигант за социјални медиуми, VK.
„Сè се вчитува толку брзо“, рекламата цитираше корисник, наречен YouTube2024, како ја фали блескавата услугата на VK.
Иако се чинеше дека огласот е поставен од VK, не беше сосема јасно кој стои зад неа.
Но, она што е сосема јасно е сигналот што тој го испраќа: дека властите се на пат да направат уште еден голем чекор во нивните напори да го направат рускиот интернет „послушен“. Тоа е дел од долготрајниот напор да се обликува „RuNet“ како паралелен онлајн универзум, да се обликуваат мислењата на Русите, па дури и рутинските интеракции според насоките на официјалните власти.
Во минатото, напорите вклучуваа инсталирање на софистициран хардвер за следење, притискање на големите интернет компании додека не бидат преземени од послушните сопственици, па дури и нарачување, глобалните технолошки гиганти да обезбедат нивните сервери да бидат достапни за руските регулатори.
Сега властите се обидуваат да ги оттурнат Русите од YouTube - платформата за видео стриминг во сопственост на Гугл (Google), која доминира не само во Русија, туку и низ целиот свет.
Дали ќе успее е отворено прашање.
Властите кои ги предводат напорите не ги кријат своите намери.
„Деградацијата“ на YouTube е принуден чекор, насочен не против руските корисници, туку против администрацијата на странски ресурс кој сè уште верува дека може неказнето да го прекрши и игнорира нашето законодавство“, напиша во објава на Телеграм на 25 јули, Александар Хинштајн, кој раководи со парламентарната комисија за технологија.
Министерството за надворешни работи на Русија отиде чекор понатаму на 31 јули, тврдејќи, без докази, дека YouTube „не е неутрална платформа и работи според политичките директиви на Вашингтон“.
Регулирање на RuNet
Повеќе од една деценија, главниот руски регулатор за медиуми, Роскомнадзор и поврзаните агенции се занимаваат со основната инфраструктура за RuNet, тестирајќи низа алатки и методи за контролирање на она што некогаш беше живописен, нецензуриран онлајн универзум.
Уште во доцните 1990-ти, регулаторите развија нешто наречено „Систем за активности за оперативно пребарување“ или SORM, што вклучуваше задолжително инсталирање на специјални уреди од сите даватели на интернет услуги. Системот и овозможува на основната домашна разузнавачка агенција во земјата, Федералната служба за безбедност, да „вакуумира“ и надгледува се што „лебди“ околу RuNet.
Овој систем (SORM) и поврзаните технологии беа проширени во текот на следните години, со алатки како „длабока проверка на пакети“ што ѝ олеснува на државата да спречи различни мерки за безбедност или шифрирање на приватноста.
Видете и ова: Aпликација за владеење со сите, наскоро на интернет во РусијаВо средината на 2010-тите, Парламентот усвои низа закони со кои се бара од големите интернет компании како Гугл, Фејсбук и Епл (Google, Facebook, Apple) да ги сместат своите сервери на руска територија, со што ќе им олесни на властите да го контролираат или надгледуваат интеренет сообраќајот. Многу од компаниите завршија со повлекување од Русија.
Во 2018 година, Роскомнадзор го таргетираше Телеграм, апликацијата за пораки што е широко користена во Русија и во регионот. Популарноста на апликацијата и нејзината репутација за силно шифрирање ја стави на нишан на разузнавачките агенции.
Но, напорите завршија со блокирање на милиони веб-адреси (технички познати како Интернет протоколи) сместени во компјутерскиот „облак“ на услуги обезбедени од Амазон и Гугл. Ова наруши огромен број онлајн бизниси и услуги.
Во 2019 година, пратениците усвоија повеќе амандмани кои, меѓу другото, ја проширија способноста на Роскомнадзор да става на црна листа и блокира веб-локации и да ги следи алатките - наречени виртуелни приватни мрежи или VPN-и, кои им помагаат на луѓето да ги заобиколат блокадите и да го заштитат идентитетот и локацијата на корисникот. Напорот беше наречен закон за „суверен интернет“.
Официјалните лица, исто така, се насочија кон најголемите приватни компании вклучени во вести, информации, е-трговија и социјалните медиуми.
Yandex, широкоуспешен домашен технолошки гигант некогаш наречен руски Гугл, доминираше на рускиот пазар за вести и услуги за пребарување. Но, по сеопфатната инвазија на Украина во 2022 година, компанијата беше под притисок да започне со цензурирање на информациите за војната, што предизвика егзодус на врвни менаџери и директори. Претходно овој месец, Yandex ефикасно излезе од Русија целосно, одвојувајќи неколку сектори во холандска холдинг компанија и оставајќи го остатокот од имотот на група руски бизнисмени.
Други големи веб-компании како VK, руски еквивалент на Фејсбук, се претворени во компании контролирани од тајкуни сојузници на Кремљ или државни компании.
Регулаторите, исто така, се движат кон создавање на „супер апликација“ - единствена апликација која ќе се користи за низа онлајн активности како што се разговори, плаќање даноци, барање романтични партнери и плаќање сообраќајни казни.
Што да се прави со Гугл?
Еден од најтешките проблеми за регулаторите, сепак, беше зауздувањето на руските операции на најголемите светски технолошки компании: Гугл, Епл, Фејсбук и слични компании.
Употребата на социјалните мрежи сочинува приближно 50 проценти од целата онлајн активност за Русите, според истражувачот на пазарот MediaScope.
YouTube е доминантна платформа во однос на времето поминато на интернет и бројот на Русите што го користат. Многу од главните медиумски компании во земјата го користат во голема мера, како и инфлуенсерите и културните личности.
Услугата, која е во сопственост на Гугл, веќе ги разбранува пратениците и регулаторите откако блокираше десетици профили на државни изведувачи, како и некои медиуми финансирани од државата. Гугл, исто така, одби да отстрани илјадници профили за кои Роскомнадзор бараше да бидат отстранети.
Видете и ова: Кина и Русија споделувале тактики за цензура на интернетотНа почетокот на јули, про-Кремљ изведувачот Шаман организираше протест пред Амбасадата на САД во Москва, жалејќи се дека неговиот канал е блокиран. Шаман, чие вистинско име е Јарослав Дронов, најверојано беше исфрлен од YouTube откако беше санкциониран од Европската Унија и Соединетите Држави поради неговата гласна поддршка на руската инвазија на Украина.
Неколку дена подоцна, на 12 јули, додека некои услуги на YouTube во Русија покажаа знаци на забавување, Ростелеком објави соопштение во кое го обвини Гугл, велејќи дека не ја одржувал услугата на своите локално сместени сервери кои овозможуваат побрзо поставување и преземања.
Нивната омилена играчка
Руските Youtube и Facebook се VK Video и RuTube, во сопственост на државниот гасен гигант Газпром преку неговата подружница Гаспром Медиа. Извршниот директор на Гаспром Медиа, кој исто така поседува контролен удел во VK, е поранешен шеф на Роскомнадзор.
Друга видео услуга од Русија, наречена Платформа, дебитираше во јуни.
„Руското Министерство за надворешни работи повикува на активно учество на Русите во развојот на RuTube“, се вели во соопштението на Министерството на 31 јули.
Дали некоја од овие услуги за стриминг може целосно да го замени досегот на YouTube во Русија е отворено прашање.
Потегот на регулаторот да го „задуши“ YouTube произлегува од законодавството што беше изменето во 2019 година и ја даде таа можност.
Во март 2021 година, регулаторите го потиснаа Твитер, сега наречен X, откако компанијата одби да ги отстрани објавите за кои Роскомнадзор сметаше дека ги прекршуваат прописите.
Тоа беше „првата употреба на пригушување од големи размери со цел цензура“, се вели во документот на американски и руски академици.
Сепак, овие обиди за цензура, откако голем број руски сајтови престанаа да работат. Сличен обид се случи минатиот јануари и даде слични резултати. Експертите подоцна рекоа дека тоа е едно од најраспространетите и најдалекосежни нарушувања што RuNet некогаш ги доживеал.
На 26 јули, кога за прв пат започна пригушувањето на YouTube, Русите ширум Сибир се пожалија на прекини и проблеми со мобилните услуги што влијаеше на други апликации, вклучително и Телеграм.
Во меѓувреме, еден од најголемите руски даватели на мобилни услуги, МТС, почна да ги предупредува своите претплатници за можни прекини на YouTube, според државната новинска агенција ТАСС.
„Од причини надвор од контрола на МТС, некои претплатници може да имаат проблеми со платформата YouTube“, се вели во автоматизираната порака на линијата за техничка помош на МТС, пренесе државната новинска агенција ТАСС.
„Јутјуб толку длабоко навлезе во животите на Русите што ако се блокира, може да се појави чувство на празнина, како кога на детето ќе му ја одземаат омилената играчка“, пишува на руската веб-страница за технологија ComNews.
„Некои луѓе може да покажат бес, а луѓето лишени од омилената играчка може да започнат револуција. Овој пристап води до пад на квалитетот на видео услугата, што веќе го гледаме“, изјавија од Ростелеком за новинската агенција Интерфакс.
Две недели после тоа, Хинштајн јавно објави дека YouTube ќе биде „пригушен“ - технолошки термин кој опишува намерно забавување на веб-страница или апликација.
„Гугл“ не одговори на барањата од Радио Слободна Европа за коментар.
„Претпоставував дека забавувањето ќе биде објаснето со таканареченото деградирање на кеш-серверите за Google и YouTube“, изјави за Current Time, Саркис Дарбинјан, правен експерт за сајбер политика.
Наместо тоа, рече тој, властите јасно ставија до знаење дека сакаат да го „забават“ YouTube: односно сè повеќе да го успорат сообраќајот за да се влоши квалитетот на видеата.
„Ова, од гледна точка на Кремљ, треба постепено да ги мотивира корисниците да мигрираат кон домашните платформи. Тие ќе ги туркаат корисниците кон руските аналози, постепено ќе ги одвикнат од студениот, брз и квалитетен YouTube на кој сите се навикнати“, заклучува Дарбинјан.