Забавата „Речиси голи“ во Москва резултира со судски спор и јавни извинувања
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Кога Анастасија Ивлеева, популарна инфлуенсерка, ги покани руските познати личности на забава со тема „речиси голи“, таа не предвиде бурни реакции низ целата земја. Еден оскудно облечен гостин беше обвинет за хулиганство и „геј пропаганда“, додека другите присутни рекоа дека огласувачите им ги откажале договорите. Додека изведувачите јавно се извинуваат за учеството, некои набљудувачи го гледаат одговорот како уште еден симптом на репресивна клима во Русија.