2016-та низ фотографии
Момче гледа низ замрзнат прозорец на автобус, Минск, Белорусија, 05.01.2016.
Надежда Толоконикова, членка на руската активистичка арт група Pussy Riot за време на снимањето на спотот „Чајка“ за јавниот обвинител на Русија Јури Чајка, Москва, 13.01.2016.
Слика на американскиот претседателски кандидат Доналд Трамп пред една куќа во Ајова, 15.01.2016.
Жена и нејзините деца стојат во нивната урната куќа во курдскиот град Силопи, југоистична Турција. 19.01.2016.
Жоване Силва го држи својот син Густаво Енрике заболен од микроцефалитис што ја предизвикува вирусот зика, во една болница во Бразил, 26.01.2016.
Полицајци во гас маски во салата на парламентот на Косово откако опозициски пратеници фрлија солзавец, Приштина, 19.02.2016.
Членови на хуманитарни организации гестикулираат кон мигрантите на еден брод во близина на грчкиот остров Лезбос на Егејско море, 22.02.2016.
Руски војник бара мини во античкиот град Палмира во Сирија. 07.03.2016.
Орел фаќа дрон за време на полициска вежба во Катвијк, Холандија. 07.03.2014.
Девојче во кал во мигрантскиот и бегалски камп кај Идомени, на македонсмо грчката граница, 10.03.2016.
Жена гледа во полицајци за време на концертот на Црвениот плоштад по повод втората годишнина од руската анексија на Крим, Москва 18.03.2016.
Илјадници луѓе со едноминутно молчење во знак на почит на жртвите од терористичките напади во Брисел два дена претходно, 24.03.2016.
Момче минува до уранто минаре во градот Дума под контрола на сириските бунтовници, 31.03.2016.
Новинарката и соработник на РСЕ/РЛ Кадиџа Исамаилова од Азербејџан зборува по нејзиното ослободување по притворот во кој беше од 2014 година, Баку, 25.05.2016.
Протести во Авганистан против владата, Кабул 16.05.2016.
Украинката Надија Савченко на Меѓународниот аерордром во Киев откако беше ослободена од затвор во Русија под обвинување дека убила двајца руски новинари во 2014 година. Таа беше разменета со двајца руски затвореници во Украина, 25.05.2016.
Демонстранти држат факели откако со спреј ја испрскаа фасадата на Министерството за правда во Скопје како дел од антивладините протести на таканаречената „Шарена револуција“, 31.05.2016.
Жена во меморијалниот центар Поточари жали по жртвите на масакрот во Сребреница во 1995 година кога беа убиени 8000 муслимански мажи и момчиња. 11.07.2006.
Членови на ЛГБТИ заедницата пред Белата куќа по масовното убиство во еден геј клуб во Орландо, Флорида. Вооружено лице тогаш уби 49 луѓе. 12.06.2016.
Луѓе гледаат во надојдената река Џинша во кинеската провинција Јунан, 15.07.2016.
Црни ленти на еден споменик во Ница по терористичкиот напад кога загинаа 84 луѓе. 14.07.2016.
Турски знамиња и портрет на претседателот Реџеп Таип Ердоган на плоштадот Таксим во Истанбул по обидот за државен удар, 15.07.2016.
Украинки во разурнат стан по борбите меѓу украинските сили и сепаратистите поддржувани од Русија, Јасиноватаја, 01.08.2016.
Жители на фавелата Мангуеира во Рио де Жанеиро го гледаат отворањето на Летните Олимписки игри, 05.08.2016.
Спасувачки тимови во потрага по преживеани во урнатините во село Лацио во Армаче, Италија кое беше зафатено од земјотрес со сила од 6. степени 01.09.2016.
Ловец со сокол на Светските номадски игри во Киргизстан, 06.09.2016.
Сириец носи деца по урнатините на предградието Салихин во градот Алепо, 11.09.2016.
Унгарки во традиционални носии ги напуштаат гласачките места за референдумот во врска со мигрантските квоти во ЕУ. 02.10.2016.
Евреи ја прославуваат Еврејската Нова година во Уман, Украина, 02.10.2016.
Најџел Фараж, лидер на британската Независна партија прославува во Лондон откако британските гласачи на референдум изгласаа излез на земјата од ЕУ, 23.06.2016.
Муслиманки и други туристи се релаксираат на Мртво море, 18.10.2016.
Уривање на мигрантскиот камп шпоџнат под името „Џунгла“ во Кале, северна Франција, 02.10.2016.
Посетител во контролната кула на Делот 4 на украинската нуклеарка Чернобил која во 1986 година ја причини најголемата нууклеарна катастрофа во светот. 07.11.2016.
Мигрант во близина на Белград, 10.11.2016.
Демонстранти протестираат против избраниот американски претседател Доналд Трамп во Њујорк. 12.11.2016.
Луѓе бегаат по воздушен напад на сојузничките сили врз позиции на ИД во Мосул, Ирак, 17.11.2016.
Украински војник стрела со автоматска пушка во битка со сепаратистите поддржани од Русија во село Авдивка. 22.11.2016.
Луѓе држат постери со ликот на кубанскиот лидер Фидел Кастро за време на преносот на урната со неговата пепел во Лас Тунас, Куба, 02.12.2016. Кастро кој владееше на Куба скоро половина век почина на 25 ноември на 90 годишна возраст.
Момче си игра со хартиено авионче во близина на местото каде што се урна патнички авион во едно село во Пакистан, 07.12.2017.
Луѓе бегаат од Алепо, Сирија откако сириската војска влезе подлабоко во овој град кој беше под контрола на сириските бунтовници. 13.12.2016.