2017 во слики

Спасувачи на местото каде што товарен авион се урна во едно село во Киргистан, при што загинаа 35 лица и четворица членови на екипажот. 16 јануари 2017. 

Деца се загреваат во куќа од кал во кампот за бегалци во Лагман, источен Авганистан. Половина милион Авганистанци се раселени од војната, а многу бегалци се вратени во земјата од Пакистан, Европа и Иран. 11 јануари 2017.

Американскиот претседател Барак Обама го поздравува новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, додека тој и неговата сопруга Меланија пристигнуваат на чај во Белата куќа во Вашингтон пред инаугурацијата на Трамп. 20 јануари 2017.
 

Рани, членка на трансродовите заедници, се подготвува за забава во Пешавар, северозападен Пакистан, 22 јануари 2017.

Тенкови во индустриски град Авдиевка кој е под контрола на украинските власти, источна Украина, 1 февруари 2017. 

Сириската бегалка Бара Хаџ Калаф (лево) го бакнува нејзиниот татко Калед. а нејзината мајка Фатум (десно) плаче по пристигнувањето на меѓународниот аеродром во Чикаго, Илиноис, на 7 февруари 2017 година. Тие пристигнаа по патните ограничувања за граѓани од седум главно муслимански земји, вклучувајќи ја и Сирија. 
 

14-годишен малолетник без придружба, мигрант од Авганистан, се мие во зимски ден во близина на стар воз, каде што тој и другите мигранти се сместени во Белград, 11 февруари 2017.

Луѓе осветлуваат со своите мобилни телефони и го формираат знамето на Европската унија на протест против плановите за ублажување на антикорупциските закони во Романија, Букурешт, 26 февруари 2017. 

Човек плаче додека ја носи својата ќерка, при пристигнувањето од делот од Мосул, контролиран од милитантите на Исламската држава, 4 март 2017.

Митинг против „законот за социјални паразити“, Минск, Белорусија, 15 март 2017 година. Илјадници луѓе протестираа против законот, со кој се воведоа дополнителни даноци за невработените лица.

Полицајци притворуваат демонстрантка, Москва, 26 март 2017 година. Повеќе од 1.000 луѓе беа уапсени низ Русија на некои од најголемите антивладини протести во изминативе години.

Изложба како дел од прославите по повод 105-годишнината од раѓањето на починатиот севернокорејски лидер Ким Ил Сунг во Пјонгјанг, Северна Кореја, 16 април 2017 година.

Турците прославуваат по гласањето на референдумот за да му дадат нови овластувања на претседателот Реџеп Таип Ердоган во Истанбул, 16 април 2017 година.

Поплавена куќа кај рудникот за бакар Росија Појени во близина на селото Геамана, Романија, 21 април 2017 година.

Човек носи тело на мртво дете, по нападот за кој истрагата на ОН подоцна утврди дека бил извршен со хемиско оружје од страна на сириските воздухопловни сили, во градот Кан Шеикун, 4 април 2017 година.
 

Демонстранти го блокираа автопатот во Каракас за време на демонстрациите против венецуелскиот претседател Николас Мадуро, 27 мај 2017 година.

Ирански полицајци им помагаат на цивилите да ја напуштат зградата на парламентот во Техеран. Најмалку 12 лица загинаа во двојни напади врз парламентот и гробот на поранешниот врховен лидер на Иран, ајатолахот Хомеини. 7 јуни 2017 година.
 

Пламен и чад зафаќаат кула во Лондон, на 14 јуни 2017 година. Над седумдесет лица, вклучувајќи и децата, загинаа во пожарот во кулата Гренфел. Во декември започнаа официјални истраги за причините за катастрофата.

Рускиот претседател Владимир Путин се сретна со претседателот на САД, Доналд Трамп, на нивниот прв состанок, на самитот на Г20 во Хамбург, Германија, 7 јули 2017 година.

Ковчези со 71 жртва од масакрот во Сребреница чекаат на погреб на 11 јули 2017 година. Секоја година, се погребуваат повеќе тела откако ќе бидат идентификувани. Во ноември поранешниот командант на босанските Срби, Ратко Младиќ, беше прогласен за виновен за геноцид во Сребреница од страна на Трибуналот на ОН.

Двајца учесници на митингот на грузиски студенти и активисти кај селото Бершуети, во близина на отцепениот регион Јужна Осетија, протестираат поради тоа што Русија тајно ја преместува границата 7 август 2017 година.

Усеин Болт од Јамајка (во средината) се повреди за време на финалето на 4 х 100 метри на Светското првенство, Лондон, 12 август 2017 година.

Ожалостени на местото на споменот за жртвите во нападот со комбе во кој загинаа 13 лица во Барселона, 20 август 2017 година.

Авганистански полицајци се обидуваат да спасат дете за време на нападот на милитанти врз шиитска муслиманска џамија во Кабул, 25 август 2017. 

Доброволци помагаат со бротче за евакуирање луѓе за време на тропската бура Харви долж Тидвел Роуд во источниот дел на Хјустон, Тексас, САД, 28 август 2017 година.

Работник мие статуа на Владимир Ленин во Санкт Петербург на 28 септември 2017 година, речиси 100 години по Руската револуција.

Чад, пламен и експлозии во воено складиште во близина на градот Калиница, централна Украина, 27 септември 2017 година. Околу 30.000 луѓе беа евакуирани.
 

Жена со знаме на Каталонија оди преку фрлени гласачки ливчиња на референдумот за независност, за време на митингот во Барселона, 1 октомври 2017 година. 

Член на Сириските демократски сили, поддржани од САД, гледа од прозорец за време на битката за враќање на Рака од милитантите на Исламската држава, 16 октомври 2017 година.

Судири на местото каде што Ричард Спенсер, познат бел националист и портпарол на таканареченото алтернативно движење, одржа говор во кампусот на Универзитетот во Флорида. 19 октомври 2017 година. 
 

Болница во Дума, Сирија, 26 октомври 2017 година. Седум лица беа убиени откако биле фрлени бомби врз цивилни области, наводно од силите лојални на сирискиот режим.
 

Фоторепортери и помагаат на припадничка на Рохинџа народот додека бега од Мјанмар во Бангладеш, 1 ноември 2017 година.

Авганистански жени берат цвет од шафран во провинцијата Херат, западен Авганистан, на 5 ноември 2017 година. Шафранот е најскапиот зачин во светот, а авганската влада им нуди помош на земјоделците да одгелдуваа шафран наместо опиум.

 

Жители се греат по земјотрес со јачина од 7,3 степени во Сарпол-е Захаб во западен Иран на 13 ноември 2017 година.

Пакистански полицаец го проверува оштетеното ветробранско стакло по бомбашки напад наменет за висок полициски офицер во Пешавар, 24 ноември 2017 година. 

22-годишниот украински војник, со прекар Пиксел,  пред единствениот достапен извор за греење во селото Писки, во источна Украина. Декември 2, 2017.

Палестинци запалија гуми и се судрија со израелските трупи во градот Рамалах на Западниот Брег, за време на протестите против одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да го признае Ерусалим како главен град на Израел. 8 декември 2017 година.

Со инаугурацијата на Доналд Трамп за претседател на САД започна една година богата со настани, вклучувајќи низа воени победи над милитантите на Исламската држава во Сирија и Ирак, протести против владата низ Русија и терористички напади во многу земји. 2017 во слики.