Како светот држи безбедно растојание - низ фотографии

Луѓе стојат во обележани места во ресторан за брза храна во Лондон

Цвеќињата нацртани на подот на црквата Ваке во грузискиот главен град Тбилиси, им помагаат на посетителите да држат безбедно растојание.

Собир на жени во иранската покраина Лорестан.

Клиенти стојат во одредени места обележани на подот пред продавница за месо и намирници во Исламабад.

Во пакистанскиот град Карачи, линии нацртани со креда се користат за да ги држат луѓето на безбедно растојание. Пакистан ги затвори сите пазари и забрани големи собири за да нема ширење на коронавирусот.

Луѓе во индискиот град Џаландхар стојат на одредените места за да одржат социјална дистанца додека чекаат да купат зеленчук.

Луѓе чекаат на ред за храна во трговски центар во Бангкок, Тајланд

Знаци кои помагаат во социјалното растојание меѓу купувачите кои чекаат на ред во самопослуга во Остин, Тексас.

Њујорчани носат маски и одржуваат растојание во долга редица

Социјално дистанцирање во Хелс Кичен Парк во Њујорк

Знаци со креда на пазарот во Оукланд, Калифорнија, ги одржуваат луѓето на безбедно растојание.

Купувач стои на одредено безбедно место надвор во Сомервил, Масачусетс. Продавницата
бара од клиентите да ги измијат рацете и им нуди можност да купуваат без да ги допираат производите.

Знак поставен во паркот Хјустон, ги потсетува луѓето да практикуваат социјално дистанцирање
 

Медицински сестри во Лондон на безбедно растојание чекаат да донираат храна. Британскиот премиер Борис Џонсон донесе мерки со кои, меѓу другото, се забрануваат групи од повеќе од две лица.

Мерки за социјална оддалеченост во продавница на „Теско“ во Лондон

Ред на влезот на еден супермаркет во Букурешт, Романија.