Радиото е магија, луѓето го слушаат гласот на водителот и секој си има своја претстава за личноста позади микрофонот. Така и Виктор Петров урбан лик во Скопје секое утро буди луѓе за да им честита роденден. Овие честитки се само шлаг на тортата во едночасовното утринско „обраќање на Викса до слушателите, за кои е среќен што нив ги прави среќни.
Викса вели дека на радио „опасно бега од политика“ и дека и затвора врата, но оти некогаш е толку смешно што не се издржува, посебно „ако треба да не се смееш“. Е тогаш станува уште посмешно и зaтоа можеби „не е срамно ако нарушиш културна тишина“.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Радиото , вчера и денеска, не е исто. За Викса Радиото е друштво на луѓе што знаат да бидат во друштво.
За жал денеска е модерно да бидеш нерасположен и лут или со други зборови „малку „премудруваме“ како општество.
Како и да е, радиото има иднина и со оглед на експанзијата на дигиталните платформи, си го наоѓа просторот за да опстане.
Слушајте не, следете те го поткастот Зошто на Слободна Европа и на Спотифај, Јутјуб, Ејпл и Гугл поткаст. Кликнете на Зошто и давајте ни идеи и теми кои сакате да ги слушате, а ние ќе прашуваме преку нашите социјалните мрежи.