Украински град во шок по руски ракетен напад

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Спасувачите ги вадеа мртвите тела од центарот на Вилњанск вечерта на 29 јуни. Украинските власти велат дека Русија го погодила градот во јужниот регион Запорожје со два последователни напади на балистички проектили. Најмалку седум лица загинаа, меѓу кои и деца на возраст од 10, 15 и 17 години.