Можна војна: Украински војници за заканата од руска инвазија

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

По информациите дека руски сили го зголемуваат присуството на границата со Украина, украинските војници на линијата на фронтот во Донбас добиваат предупредувања од Киев и од Западот за можна офанзива која ја планира Москва.

Тимур, 28 години

"Лично, не верувам во опасност од некаква голема инвазија. Мислам дека е игра. Иста беше ситуацијата и во април и мај оваа година. Имаше вакви гласини за можен напад. Тоа беше само заради желбата на Русија да го заврши гасоводот Северен тек 2. Сега, изгледа Путин повторно сака да врши притисок. Од она што го слушнав, Кремљ сака да добие гаранции дека НАТО нема да се шири и во Украина и во други земји, како Грузија и Молдавија.“

Споменик од советската ера во Луханск. 7-ми декември 2021.

"Борбите се случуваат во бранови. Минатата недела имаше жестоки гранатирања. Потоа неколку дена тишина. Да бидам искрен, малку ми е страв кога е тишина, бидејки си мислам дека нешто планираат.

"Другата страна често користи трикови. На пример, посматрачи на ОБСЕ со дронови ги надгледуваат воените позиции. Но про-руските сили веднаш зад него испраќаат и нивен дрон, кој ги снима позициите, а ние не смееме да стреламе кон дроновите.“

Влад, 22 години

"Руската армија не е подготвена за војна. Немаат поставено болници и танкери со гориво и немаат многу војници. Ќе им требаат меѓу 300.000 и 400.000 војници за да нападнат. Сега имаат околу 100.000.“

Воена база во близина на Луханск.

"Ако не сме овде на линијата на фронтот, ќе не убијат подоцна во нашите домови. Има една украинска поговорка: Кој не си го брани семејството во мирно време, ќе си ги јаде децата во време на невоља. Тоа е од времето на Хлодоморот. Ако дојде некој Русин и сака да се напие водка и да се забавува, ок. Но, ако ми дојде дома со оружје, ќе го убијам.“

"Овде, непријателите користат снајпери и автоматско оружје секој ден, некогаш и рачни фрлачи. Ситуацијата нема да се смени во брзо време. Русија не е подготвена да нападне, само врши притисоци и праќа пораки. Се ќе биде во ред.“

Ирина (не кажува години)

"Мислам дека доколку се случи инвазија сега, многу луѓе ќе загинат. ПОвеќе отколку во 2014-та. Ќе има големо крво-пролевање, ќе биде страшно.“

"Но, секако, повеќето војници не веруваат во скорешна инвазија. На линијата на фронтот ништо не е поразлично. Друга причина што многу војници не веруваат во инвазија е бидејќи има многу лаги и во нашата земја. Сите на функции лажат. Нашиот претседател вети дека ќе ја оконча војната за една недела откако ќе дојде на власт. Поминаа две години, а ние уште сме тука кај што бевме.“

База на украинските војници во близина на Луханск.

"Не мислам дека финансиски санкции против Русија ќе сменат нешто. Исто како и со договорот од Минск, не се менува ништо. Луѓето напишале нешто на хартија, но на линијата на фронтот се е исто. И натаму се користи тешко оружје. Можеби ќе има и инвазија, но не наскоро.

Петро, 27 години

"Се што знам е дека луѓето ќе си ја бранат земјата. Ветераните кои се бореа во 2014-та се дома, но, доколку дојде до инвазија, ќе се вратат на фронтот.“

"Рано, кога уште спиете, ќе слушнете кесплозија на граната во близина. Но, тоа е нормално. Не забележувам некоја чудна активност деновиве. Понекогаш, можжете да ги слушнете моторите на непријателските тенкови, имаат специфичен звук. Но, тоа го прават почесто поради студеното време.“

Украински војник во близина на линијата на фронтот кај Луханск. 07.12.2021

"Сум имал блиски средби. Еднаш, додека седев на военото возило, забележав непријателски тенк. Ја гледав неговата цевка како нишани накај мене, но, не истрела, за среќа.“

"Не мислам дека санкции ќе сменат нешто. Русија е богата земја. Украинскиот претседател и пратениците треба да донесат сериозни одлуки. Еден ден би сакал да одам на одмор и да пливам во слободен Крим.