Сцени од ровови и засолништа додека воените тензии се зголемуваат во Источна Украина
Украински војник со двоглед набљудува борбени позиции на линијата за одвојување кај Доњецк на 6 април. Градот е под контрола на сепаратистите поддржани од Русија.
Војник патролира во ровови на украинските владини сили во близина на Доњецк. Десетици украински владини сили се убиени од почетокот на 2020 година.
Украински војник чисти оружје. Набљудувачите истакнуваат дека Русија во минатото имала големи движења на војската во рамки на редовните воени вежби. Но, некои аналитичари велат дека обемот на движењата на руската воена опрема е далеку од нормалното.
Украински војник чува стража во близина на Доњецк. Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков вели дека репозиционирањето на воените сили во границите на Русија е строго домашна работа.
Војник гледа од бункер контролиран од украинските владини сили во близина на Авдиивка во Доњецката област на 5 април.
Украински војник патролира во ров во близина на Авдиивка.
Мажи влегуваат во засолниште за бомби во складиште за трамвај во регионот Доњецк на 24 март во областа контролирана од сепаратистите.
Во засолништето за бомби
Оштетена станбена зграда во Јасинувата, град под контрола на сепаратистите во украинскиот регион Доњецк
Жена покажува на датумите напишани на ѕидот во засолништето за бомби во Јасинувата. Датумите се однесуваат на новогодишните забави што таа и другите локални жители ги славеле таму.
Гас-маски во засолниште во Јасинувата
Луѓе седат во засолниш во областа на Доњецк, Петровски, контролирана од сепаратистите, на 24 март.