Матурирање среде воена пустош: Фотографии на ученици од разурнатиот Чернихив

Ученици од Чернихив позираат за фотографија од матура на 5 јуни за украинскиот фотограф Станислав Сеник, кој зборуваше за РСЕ за неговиот проект.

Дипломски албум On The Ruins е серија фотографии на ученици, многумина цо нивните ленти, снимени во град уништен од руската инвазија. „За 10 години овие ученици ќе имаат свои деца и ќе можат да им покажат што направиле Русите и, можеби, ќе ја почувствуваат болката што ја доживеале нивните родители.

Сеник, фотограф за свадби и портрети, го смени својот фокус кога Русија ја нападна Украина. „Сакав да работам на проекти кои ќе ѝ помогнат на мојата земја“. Тој се надева дека неговите фотографии ќе соберат средства за украинската армија преку онлајн аукции и исто така ќе го потсетуваат светот низ што поминува земјата.

Користејќи ги социјалните мрежи, Сеник успеа да собере 40 ученици во Чернихив кои се согласија да усе фотографираат. Сликите беа снимени во текот на два дена додека ги истражуваа урнатините на нивниот град. Многу ученици беа преплавени од емоции бидејќи не ги виделе своите соученици од почетокот на војната.

Сеник додава дека бил изненаден од тоа колку учениците биле среќни што учествувале. „Децата не изгледаа вознемирени и не беа скршени“, рече тој. „Напротив, се чинеше дека војната ги стврдна и сега се посилни“.

„Сакам мојата работа да ја долови оваа историја, нивната историја“, вели Сеник. Чернихив претрпе големо уништување додека руските трупи го гранатираа градот, оставајќи разурнати илјадници згради, вклучително и училишта.

„Овие фотографии им помагаат да заздрават. Сеник беше особено трогнат од една мајка. „Не можам да ја опишам емоцијата што ја почувствував откако ми се заблагодари“.
 

„Сфатив дека правам нешто што многу ќе им помогне на луѓето и уште еднаш се уверив дека фотографијата може да направи уникатни работи со емоциите на луѓето“, вели Сеник.

Сеник додава дека проектот бил емотивен и за него. „Знаејќи дека овие ученици претрпеа толку многу лични и физички загуби - тие се хероите“.

Синек моментално бара спонзори за да ја изложи својата работа на меѓународно ниво.

Можете да ја следите неговата работа на неговиот Инстаграм: @senykstas