Украинците во Северна Македонија го одбележаа Денот на независноста на Украина
Маршот почна во паркот „Жена борец“ и заврши пред „Алеја на Украина“ каде беше интонирана украинската химна. Учесниците во маршот носеа голем транспарент со натпис: „Русија е терористичка држава“.
Учесниците во маршот дефилираа со големо украинско знаме низ центарот на Скопје.
На настанот обраќања имаа Амбасадорката на Украина, Лариса Дир, градоначалникот на Општина, Центар Горан Герасимовски, и Претседателот на Здружението на Украинците во Северна Македонија, „Лесја Украинка“, Олександр Урбанович.
Ова е втора година по ред како се слави Денот на независноста во услови на војна од големи размери на Русија против Украина, изјавија од Украинската амбасада во Скопје
Маршот почна од паркот „Жена борец“, наспроти македонскиот Парламент, а заврши пред „Алеја на Украина“ во центарот на Скопје
Дел од учесниците во маршот беа облечени во облека со симболи и орнаменти карактеристични за Украина.
По повод Денот на независноста на Украина беше поставена и изложба со цртежи од украински деца насловена „Децата на војната“.
Еден од детските цртежи изложени на изложбата „Децата на војната“
Детските цртежи изложени на изложбата „Децата на војната“