Очајни обиди да се избега од Украина за да се избегне мобилизација

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Во услови на новиот закон за мобилизација во Украина, мажите на возраст од 18 до 60 години бараат сè поинвентивни методи за да избегаат од земјата и да избегаат од војната. Граничарите фатија дури и еден маж кој се обиде да се облече како жена и да го користи пасошот на неговата сестра, додека барем 30 тела се пронајдени на мажи кои се обиделе да препливаат преку река во Романија. Украина се обидува да ја надополни својата армија во борбите против руските агресори.