Украина бара пат кон мирот на самитот во Швајцарија, без Русија
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Швајцарските власти соопштија дека десетици држави се согласиле да присуствуваат на самитот на 15-16 јуни во одморалиштето Бургенсток, чија цел е да се најде пат кон мир во Украина, но, Русија нема да им се придружи. Украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе разговара за мировната формула која вклучува обновување на територијалниот интегритет на земјата, нуклеарна безбедност, безбедност на храната и враќање на сите затвореници и депортирани.