Ширум Црна Гора граѓаните палеа свеќи за настраданите во Цетиње

Граѓани на Цетиње и Подгорица на 2 јануари палат свеќи во чест на настраданите во убиствата на 12 лица, од кои две се деца. Повредени се четворица. Извршителот на убиствата се самоуби. 

Граѓаните на Цетиње во тишина се собраа пред споменикот на вилата на Ловќен 
 

Симболично палење свеќи за убиените седум мажи и три жени и две момчиња на 10 и 13 години во Цетиње на првиот ден од новата 2025 година
 

Свеќи запалија и претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ со сопругата Милена на плоштадот во Подгорица на 2 јануари 2025
 

Граѓаните донесоа цвеќе и детски играчки, 2 јануари 2025. Во масовното убиство настрадаа момчињата Јован и Вукан Вулетиќ од Цетиње.
 

На плоштадот на независноста во Подгорица се собраа неколку стотици граѓани за да изразат почит за настраданите граѓани на Цетиње, 2 јануари 2025.