Смртоносни поплави долж бугарскиот јужен брег на Црното Море

Жена гледа во автомобил што плови во морето во градот Царево, на брегот на Црното Море во Бугарија. на 6 септември.

Најмалку двајца мажи загинаа, а потрагата по мајка и дете продолжува по поројните дождови кои предизвикаа големи поплави во регионот.

Мажи се обидуваат да извлечат автомобил од морето во близина на Царево, на црноморскиот брег.

Човек гледа во оштетенa камп-приколка која ја повлекле силните поплави.

Исчезнатите мајка и дете последен пат биле видени во нивниот автомобил кога оштетениот мост по кој се обидувале да преминат бил однесен во морето.

 

Оштетен камп во Царево. Бројот на загинати во силното невреме што ги погоди Бугарија, Турција и Грција на 6 септември се искачи на осум лица.

Маса и столче на брегот од Црното море, непосредно пред оштетено кампинг паркиралиште.

Еден од патиштата што водат во Царево е затворен бидејќи надојдените води однесоа мостови и предизвикаа лизгање на земјиштето.

 

Струјата беше исклучена во повеќе области поради опасност од струен удар.

Градоначалникот на Царево, Георги Лапчев, на 5 септември прогласи вонредна состојба која ќе трае најмалку пет дена.

 

Жена чисти остатоци по неврето на плажа на Црното Море.

 

Автомобили и камп-приколки завршија во морето бидејќи поплавите од поројниот дожд поплавија домови, хотели и кампови на јужниот црноморски брег во Бугарија. Властите велат дека најмалку две лица загинале и дека се уште трагаат по мајка и дете