Три ипол годишно крстарење низ светот

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Патниците на крузерот „Вила Ви Одисеја“ тргнаа на патување што ќе трае три ипол години или точно 1301 ден. Од пристаништето во Белфаст, Северна Ирска тргнаа на пат низ 7 континенти и 425 пристаништа. По неколкуте одложувања на стартот на ова крстарење, со одобрение на Британската поморска и крајбрежна агенција, бродот конечно заплови. Патниците на крстарењето имаа можност да ги изнајмат или купат кабините кои ќе им бидат дом во следните неколку години.