„Тренирам со машки, а се борам со женски“
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Четиринаесетгодишната Садије Дура е единствената девојка во боречкиот клуб „Лирија“. Решила да ги игнорира обесхрабрувачките коментари за тоа дека овој спорт не е за девојчиња. Нејзината посветеност и дисциплина ѝ носат медали од домашни и меѓународни натпревари. Се надева дека со својот пример ќе биде инспирација за повеќе девојки да почнат да тренираат борење.