Во новата ера на Трамп се очекуваат построги ограничувања за пристапот до абортуси во САД

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Клиниката Медоу во Вирџинија, во близина на Вашингтон, беше отворена претходно оваа година, а многу од пациентите патуваат на долги растојанија од државите каде што абортусот беше ограничен или забранет во последните две години. Некои експерти предвидуваат дека идната администрација на Доналд Трамп ќе се обиде да воведе уште порестриктивни мерки.