Тарапуза и Контра - „млади“ и на 90 години
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Македонците во просек живеат 73,2 години, според статистиката на Евростат. Од овој просек, со своите 90 години, отскокнуваат писателот Стојан Тарапуза и професорот по физичко и поранешен спортист, Ѓорѓи Кондратенко познат како Контра. По педесетина напишани книги, претежно за деца, Тарапуза уште има инспирација и елан да создава и вели дека се чувствува како дете. По децении поминати во спортување, Контра уште е физички активен. Може да вози велосипед, а има и возачка дозвола со важност до 2028.