Студентска иновација - Aсистивна тастатура за ученици со моторни потешкотии
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Тројца студенти од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), вoдени од професорот Бранислав Геразов и асистентот Никола Јовановски, соработувале со здружението за асистивна технологија „Отворете ги прозорците“ за да создадат асистивна тастатура, прилагодена на дете со моторни потешкотии. Решението кое е изработено во рамки на студентска програма за поддршка на иновативни студентски идеи е индивидуализирано, но се надеваат дека ќе може да го користат и други деца со слични потешкотии. Целта е да се олесни нивното учество во образовниот процес.