Стравот не е виртуелен

„Утре ќе дојдам и увото ќе ти го исечам со нож“. Ова е само една од заканите што ги доби новинарката и активистка Рита Беадини заради критика на фејсбук за текст на верски лидер. Дали е откриен и казнет заканувачот ? Како против насилството врз новинарите на социјалните мрежи, а особено кон новинарките. Дали се плашат? Ја прашуваме Рита Беадини во поткастот Зошто на Радио Слободна Европа.

Реагирав за еден текст напишан од еден имам, од Скопје во кој тој пишува дека жените имаат доволно работа дома и затоа не треба да бараат ништо друго надвор. Реагирав за сексистичкиот јазик бидејќи има многу луѓе што го следат и има импакт на тоа како реагираат луѓето и како се однесуваат кон жените.

Рита Беадини вели дека нема намера да молчи иако е свесна дека недовербата во институциите е голема дека нешто ќе преземат да ги заштитат жртвите на вакво насилство, но не сака да дозволи насилството да победи. А и натаму ќе продолжи јавно да го кажува своето мислење затоа што вели тоа нема да ја исплаши.

Социјалните мрежи отворија нов полигон за насилство врз новинарите. Но поизложени на закани и навреди во дигиталниот простор се новинарките. Не се критикува толку нивната работа, туку главно се оди на нивно деградирање како жени. Целта е да бидат понижени и засрамени, да се предизвика страв, молк и повлекување. Според истражувањето на ПИНА пред една година, над 81% од 103 анкетирани новинарки во земјава досега се соочиле со онлајн вознемирување. Меѓу оние кои дозволуваат да им се закануваат има и политичари, бизнисмени, функционери, но најчесто напаѓачот е анонимен.

Рита Беадини

Беадини вели дека и порано добивала закани, дури ги третирала како нешто нормално, како дел од работата. Не и било сеедно, но сега решила да пријави.

Уште нема информации дали е откриен напаѓачот. За неа е поважно во моментов жените да станат гласни, да не се помируваат со стереотипите и да се изборат за себе.

Имам 26 години, кога почнував со активизам бев 20, млада, и луѓето велеа, ајде уште малку ќе најде некој маж и ќе молчи, не е нешто сериозно. Потоа кога се вработив во медиумите кога видоа, еве ја пак продолжува со својата работа, тогаш почнаа да пишуваат, да реагираат, да ме навредуваат затоа што гледаа дека еве не се плашам, нема да молчам.

Не гледа разлика во патријархалните стереотипи кај Албанците и Македонците, но од друга страна не гледа ниту солидарност меѓу нив иако ги мачат некогаш исти проблеми.

Кога си жена мислат дека е полесно да те нападнат, дека нема кој да стои зад тебе. Дека ќе молчиш заради моралот на семејството, ти си таа девојка заради која цело твое семејство ќе се посрамоти, ти си имиџот на тоа семејство. Но мора жените да најдат начин тоа да не им влијае толку.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Целта е страв и молк

Разговорот со Рита Беадини за предизвиците како жените да се справат со насилството, како новинарките да не подлегнат на притисоци и самоцензура, слушнете го во Поткастот Зошто, на Радио Слободна Европа.

Слушајте не, следете те не. Ставете слушалки и побарајте го подкастот Зошто на Слободна Европа и Спотифај, Јутјуб, Ејпл и Гугл подкаст. Едноставно кликнете на Зошто и давајте ни идеи и теми кои сакате да ги слушате, а ние ќе ве прашуваме преку нашите социјалните мрежи.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Како да слушате Поткаст „Зошто?“