Демонстрантите во Грузија доставија детални извештаи до грузискиот сервис на Радио Слободна Европа за брутално тепање од полицијата за време на демонстрациите против одлуката на владата да ги прекине преговорите за членство во ЕУ.
Употребата на прекумерно насилство од страна на полицијата на протестите, кои се одржуваат шест последователни ноќи, предизвика бран одбивност во Грузија и осуди од странство.
Речиси 300 лица досега се обвинети во врска со протестите, повеќето под обвинение за ситно хулиганство и давање отпор при апсење. Еве само дел од нивните приказни:
Саломе Зандукели: „Зошто ме удираш? Јас не сум твое дете“.
На протестите, вели Саломе Зандукели, сака да стои на фронтот и ноќта на 2 декември не била поинаква. Со нејзината пријателка, таа застанала во првите неколку редови демонстранти на авенијата Руставели, улица во центарот на Тбилиси, која е центар на демонстрациите.
Кога полицијата побара да се прекине протестот, Зандукели и нејзината пријателка побегнаа барајќи засолниште во блиската деловна зграда.
„Знаев дека влегувањето таму не е добра идеја. Но, токму тогаш не можевме да размислуваме за ништо друго“, вели Зандукели.
Набргу потоа, безбедносните сили ги следеле внатре, а двете жени се обиделе да побегнат по скалите.
„Веројатно 20-25 полицајци не бркаа“, вели Зандукели.
„Кога се свртев, првото нешто на што помислив беше да почнам да ги снимам, но ова толку многу го изнервира еден од нив што притрча кон мене и ми рече да го исклучам мобилниот. Кога не го направив тоа, тој ме грабна ми го извади од рака, го фрлв на земја, а потоа ме тресна од ѕидот“, раскажува Зандукели.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Полицајците почнале да им викаат и да ги пцујат, раскажува Зандукели и почналe да ги тепаат. Се сеќава дека ја видела нејзината пријателка Натија како паѓа на подот, обидувајќи се да ја заштити главата од ударите.
„Не удираа по глава“, вели таа, а јас викав: „Што ти е?....
Кога му реков: „Зошто ме удираш, јас не сум твое дете“, ми рече: „Ти не си мое дете и затоа те удрам“.
Двете жени успеале да се извлечат, криејќи се во кафеана покрај авенијата Руставели. Но, за неколку минути, вели Зандукели, целата улица била полна со полицајци. Ги исклучиле светлата во кафеаната и ја заклучиле вратата.
„Ако не уапсеа, не знам што ќе ни се случеше“, вели таа.
Гиа Џваршеишвили: „Не дозволувај овој кучкин син да умре“
Во 4 часот наутро на 2 декември, полицијата самошто пушти солзавец во толпата. Додека демонстрантите бегаа, активистот Гиа Џваршеишвили, вели дека видел една од неговите пријателки како стои сама на аголот на улицата, држејќи знаме во раката.
Џваршеишвили претходно бил на политички собири и мислел дека ќе биде безбеден.
„Понекогаш стојам меѓу демонстрантите и полицијата - токму пред нив -и никогаш не сум бил удрен или уапсен. Никогаш не правам ништо насилно“, вели тој.
Овој пат, тој немал толку среќа. Безбедносните сили почнале да трчаат кон него, вели Џваршеишвили, „обвинувајќи го дека фрлил молотов коктел“.
Тогаш почнале да го тепаат и да му кажуваат дека не е достоен за грузиското знаме што го носи неговата пријателка, вели тој.
Полицајците насилно го спуштиле на подот. Тој се сеќава на неговиот пријател кој ја моли полицијата да престане да ги тепа.
Пред да го однесат во полициско комбе, тие го натерале да помине низ „коридор“ од полицајци кои го навредувале.
Викаа другите да слушнат: „Овој фрли молотов коктел. Откако го слушнав тоа, ме нападна друг бесен полицаец“. Овој пат, вели тој, нападот бил без милост.
„Подоцна во задниот дел од полициското комбе, полицијата ги турна приведените на подот и почна да ги гази“, вели Џваршвеишвили.
Џваршеишвили вели дека се обидел да се скрие под седиштето за да си го заштити лицето, но сепак успеале да дојдат до него.
„Одеднаш имав неподносливи болки и сфатив дека сум повреден. Тогаш не знаев, но имав скршено ребро“, вели тој.
Џваршеишвили вели дека успеал да ползи.
„Ми беше тешко да дишам. Слушнав како велат: „Не дозволувај да умре овој кучкин син“.
Откако го фотографирале и му го земале ранецот, телефонот и паричникот, конечно го однеле на лекарска помош.
„Тие не се загрижени дали ќе ги повредат луѓето. Случајно преживеав“, раскажува тој.
Звиад Ратиан: „Тие само ме тепаа и ме тепаа“
На видеото се гледа како маж во портокалова јакна е провлечен низ толпа полицајци за справување со немири. Полицајците постојано го удираат со тупаници додека го влечат низ толпата. Во еден момент тој паѓа, додека полицајците го удираат со клоци и го удираат. Потоа го држат на нозе за да се соочи со повеќе удари.
Само поради неговата препознатлива светла јакна, пријателите на Звијад Ратиан знаеја дека човекот на видеото е тој.
Непосредно пред тоа да се случи, Ратијан, кој инаку е поет, вели дека протестирал со своите пријатели во центарот на Тбилиси. Имало тепачка, а тој вели дека се обидел да ги заштити своите колеги демонстранти од полицијата.
„Само стоев таму, не врескав... Само се покрив со рацете“, вели тој.
Тогаш навистина започна неговото искушение.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Полицијата го привела и го претепала во задниот дел од комбето.
„Едноставно не престанаа. Само ме тепаа и ме тепаа“, вели Ратиан, кој имал скршен нос и внатрешно крварење.
Тој вели дека се сеќава дека еден од полицајците го удирал по лицето и телото. Бидејќи рацете му биле врзани, единствениот начин на кој можел да се обиде да ги избегне ударите е да се сврти.
„Не можеа да ме скршат“, додава тој.
Во еден момент на патот кон центарот за притвор, полициското комбе кратко застанало и Ратиан вели дека во возилото бил внесен млад човек.
„Беше многу лошо претепан“, се сеќава тој. Но полицајците запишаа дека тој паднал по скали“, вели Ратиан.
Торнике Берадзе: „Имаше локва крв“
„Одевме од улицата Ингороква до улицата Зубалашвили... Брат ми беше пред нас, а јас и еден од нашите пријатели малку позади нив“, раскажува Торнике Берадѕе, кој закрепнуваше во болница со потрес на мозокот откако беше уапсен ноќта на 1 декември.
Прво, полицијата му пријде на неговиот брат, Бека, новинар на грузискиот сервис на Радио Слободна Европа, агресивно прашувајќи го зошто е тука, вели Берадѕе.
„Кога видовме што се случува, им пријдовме и ги прашавме што се случува, рековме дека ако оваа улица е блокирана, можеме да одиме по друг пат“.
Штом го кажал ова бил повикан од двајца полицајци.
„Ми поминаа низ џебовите, ми ги извадија телефонот, паричникот, клучевите од куќата. Потоа ми го скинаа ранецот и го испразнија“, вели Берадѕе.
„Внатре имав боца со вода и гас маски. Ме прашаа што е тоа, дали имам нешто незаконско, а потоа ме удрија“, вели тој.
Откако го претепале, Берадѕе вели дека му ставиле со лисици и го однеле кон авенијата Руставели.
„Се обидов да му кажам на брат ми да биде внимателен“, вели Бераѕе, „но кога погледнав назад да му кажам, добив уште неколку тупаници во лицето“.
Секогаш кога ја кревал главата, вели Берадѕе, повторно бил удран.
Нападите продолжиле кога го ставија во полициско комбе, вели Руставели.
„Тоа беше ноќна мора. Сите беа претепани, а имаше локва крв на подот... Кога почнав да го чистам лицето, вратата се отвори, а полицаецот повторно ме удри во лицето. Потоа вратата повторно се отвори и брат ми и мојот пријател беа донесени“.
Неговиот брат Бека, исто така, беше жестоко претепан од полицијата. Откако беше задржан во привремен притвор, тој беше ослободен во зори на 3 декември.