Живи статуи за поживо Скопје
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Фестивалот „Статуафест” по осми пат на Скопје му донесе живи статуи на улица. Седумнаесет артисти низ десет актови симболизираа приказни и емоции кои ги обединува годинешната тема - прекинати врски. Организаторот вели дека реакциите се одлични. Сите се согласни дека граѓаните се „гладни“ за вакви настани. Фестивалот трае од 16 до 18 мај, а артистите се лоцирани на улица Македонија, во центарот на градот.