Каталонија прогласи независност
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Регионалниот парламент на Каталонија усвои резолуција за прогласување независност од Шпанија. Претседателот на парламентот, Карме Форкадел, објави дека мерката е одобрена со 70 гласови во корист на независноста, 10 против и две празни гласачки ливчиња. Повеќето опозициски пратеници ја напуштија салата во знак на протест, неколку моменти пред гласањето на 27 октомври. Потоа сепаратистичките поддржувачи прославуваа пред зградата на парламентот во Барселона, додека пратениците ја пееја националната химна на Каталонија Елс Сегадорс. Неколку минути подоцна, шпанскиот Сенат одобри мерка со која се овластува премиерот Маријано Рахој директно да управува со Каталонија од Мадрид. (Ројтерс)