Не чека изборна година, претседателски и парламентарни избори. Досега во ниту еден парламент немало пратеник со попреченост, ниту министер, ниту друг висок функционер. Партиите навидум покажуваат интерес. Никогаш не велат не.
Заедницата без попреченост има многу висока перцепција за тоа дали треба и дали би прифатиле да имаат политичар со попреченост. Истражувањата на терен покажуваат дека има расположение за маж со физичка попреченост, дури и ако е во количка, но тоа расположение целосно се намалува ако станува збор за жена со физичка попреченост.
Но најпрво овие граѓани треба да стигнат до гласачкото место, најчесто во училиштата кои се непристапни ниту за настава за децата со попреченост, ниту пак за гласање. А потоа и да биде некој од нив на кандидатска листа.
Видете и ова: Затворени дома - Како државата (не) се грижи за луѓето со аутизамКликнете на Зошто на Радио Слободна Европа и слушнете како Елена Кочоска размислува дека може да се надминати препреките и физичките со кои таа и многу други секојдневно се случуваат, но и препреките што ги создава дискриминацијата, стравот заради незнаење, сегрегацијата...
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Како е да се живее тука со попреченост Елена вели дека сите сме почувствувале за време на Ковидот, затворени дома во изолација. Но се уверија и како не функционира здравствениот систем.
Ние живееме со секојдневен притвор, доброволен, наметнат од општеството, од државата.
Дискриминацијата кон лицата со попреченост е трета на листата по политичката и етничката дискриминација.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Слушајте не, следете те го поткастот Зошто на Слободна Европа и на Спотифај, Јутјуб, Ејпл и Гугл подкаст. Само кликнете на Зошто, а на нашите социјалните мрежи давајте ни идеи и теми кои сакате да ги слушате.